Студијата во која учествувале околу 5.000 испитаници сугерира дека познатиот пропаганден слоган од некои минати времиња „Едно јајце дава сила“ не било само убава рима, туку дека само едно јајце дневно навистина може да донесе неколку значајни здравствени придобивки.
Учесниците во студијата кои јаделе по едно цело јајце дневно имале повисоки нивоа на здрави протеини и добар холестерол во крвта и пониски нивоа на лош холестерол. Оваа комбинација го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести преку спречување на затнати артерии, што пак го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.
Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот
Јајцата некако „излегоа од мода“ пред десетина години, откако едно истражување го поврза консумирањето јајца со зголеменото ниво на лошиот холестерол. Но, новото истражување покажало дека луѓето кои јадат јајца имаат повеќе протеини во крвта наречени APOA1, кои се главниот градежен материјал за добар холестерол.
Имено, научниците од Универзитетот во Пекинг поделиле 4778 испитаници на возраст од 30. до 79. години во прашалници во кои требало да дадат детални информации за тоа каква храна консумирале во изминатите 12 месеци.
Прашалникот вклучувал и прашања за тоа колку често консумираат храна од 10 групи, како што се јајца, ориз, пченица, месо, живина, риба, свеж зеленчук, овошје и млеко и млечни производи. Било поставено и прашањето дали јајцата се јадат никогаш/ретко, еднаш до три пати неделно, четири до шест пати неделно или дневно. Докажано е дека луѓето во просек јадат 2,6 дена неделно.
Испитаниците исто така биле подложени на тест на крвта, а истражувачите откриле дека луѓето кои јаделе помеѓу четири и седум јајца неделно имале високи нивоа на протеинот APOA1. APOA1 е градежен материјал за липопротеини со висока густина (HDL) или таканаречениот добар холестерол, кој ги пренесува масните материи во црниот дроб каде што се разградуваат. ХДЛ е одговорен за спречување на таложење на масни наслаги во крвните садови.
Научниците откриле и 14. протеини поврзани со срцеви заболувања, од кои некои помагаат во заштитата од болести, додека некои придонесуваат за развој на болеста. Испитаниците кои ретко јаделе јајца имале пониски нивоа на корисни протеини и повисоки нивоа на штетни во споредба со луѓето кои јаделе јајца почесто.
Јајцата станаа озлогласени во последниве години поради високата содржина на холестерол во жолчките. Имено, едно големо јајце содржи околу 186 мг холестерол, што е приближно половина од дневната препорачана количина за возрасни. Но, оттогаш, бројни студии покажаа дека холестеролот во јајцата нема значително влијание врз нивото на холестерол во крвта.