(ВИДЕО) Поминала два месеци во кома и изгубила седум прсти: Поради глупава грешка што ја направила тинејџерката се здобила со изгореници од ТРЕТ СТЕПЕН

Била незадоволна од својот изглед
Во обид да ја закрепне, нанела медицински шампон на косата и отишла во кујната, каде што нејзината мајка подготвувала ручек.
Не мислејќи дека производот е лесно запалив, таа премногу се приближила, а потоа наеднаш лицето почнало да ѝ гори. Алима Али тогаш имала 12. години и била префрлена во болница и два месеци била во кома.

Изгореници од трет степен
– Отидов во кујната да фрлам нешто во кантата, косата ми беше во близина на шпоретот, а шампонот лесно запалив. Ме фати паника, а потоа влегов во состојба на шок бидејќи мислев дека ќе умрам. После тоа знам дека два месеци бев во кома, па не можев да имам никакви непосредни реакции – изјави Алима, која денес е редовен студент.


@aleemaxali Not a glow up exactly 🤣 #for you page #fyp #foryou #PerfectAsIAm ♬ Just Wait Till I Glow Up – Dubskie

Таа се здобила со изгореници од трет степен и изгорела 55% од телото, вклучувајќи го лицето, градите, бутовите, стомакот, грбот и рацете. Таа изгубила седум прсти.


Долг третман
– Секој ден морам да ја чистам облеката под притисок со распрснувач на воздух, да ставам креми и да пијам лекови. Имав стотици операции и ме чекаат уште. Внатрешно сум сосема добро. Ми рекоа и дека косата нема да ми порасне, но по некое чудо тоа се случи. Сè уште можам да водам сосема нормален живот. Можам да возам и да правам секојдневни активности – додала таа.

@aleemaxali Wtf is this 😭 #foryoupage #foryou #fyp #loveyourself #perfectasiam #confidence ♬ Pop Smoke Hello Slowed.Reverb – CA2 ®


Иако поминала низ пекол, Алима тврди дека има повеќе самодоверба и сила од порано. Отворила профил на Тик Ток, ја следат повеќе од 250 илјади луѓе, а посебен мотив им дава на луѓето кои имаат слични проблеми.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …