АКТЕРОТ Пачино за странските медиуми зборувал за тоа кој млад актер го гледа како адекватна замена за улогата на детективот Винсент Хана, која ја толкуваше во филмот „Врелина“.
Ако требаше да се снима продолжението на „Врелина“, Ал Пачино нема сомневање кој ја заслужува улогата на Винсент Хана.
– Тимоти Шарламе. Тој е одличен актер – рекол Ал Пачино, пишуваат странските медиуми.
Да потсетиме, Мајкл Ман го базираше сценариото за филмот „Врелина“ на вистинската приказна за криминалецот Нил Мекаули (Де Ниро), кој беше убиен од неговиот пријател, детективот Чарли Адамсон во 1963. година.
Режисерот Мајкл Ман ги опиша главните ликови на филмот „Врелина“ како две личности кои и покрај тоа што се на спротивната страна на законот, меѓусебно се почитуваат и се восхитуваат за нивната посветеност на она што го направиле на најдобар можен начин.
Тој најавил и дека наскоро на јавноста ќе и ја претстави книгата, која ќе биде и пред продолжение на „Врелина“, но не ветил дека ќе ја екранизира.
Фото: Архива