(ВИДЕО+ФОТО) Три големи светски ЅВЕЗДИ кои се соочиле со ЌЕЛАВЕЊЕТО ги откриле своите трауми

Проблемот со губење на косата се јавува кај многу жени од различна возраст…
Губењето на косата може да биде доста поразително, но бидете сигурни дека доколку се најдете во оваа ситуација, знајте дека не сте сами и дека многу познати личности поминале низ слично искуство. Имено, една студија од 2007. година за опаѓање на косата кај жените еднаш проценила дека околу 55. проценти од жените ќе доживеат губење на косата во одреден период од нивниот живот.
Стресот, исхраната и различните форми на алопеција често се на врвот на листата на причинители, како и губењето на косата по породувањето и несаканите ефекти од Ковид-19. Ризикот од губење на косата исто така се зголемува како што луѓето стареат, особено кај луѓето кои имаат наследен фактор.
Дури и’ некои од познатите светски личности доживеале опаѓање на косата. Многу ѕвезди искрено зборувале за медиумите за нивната борба со опаѓањето на косата, од тоа како тенките прамени ги изненадиле до тоа како тоа влијаело на нивната општа самодоверба.

Џејда Пинкет Смит
Џејда Пинкет Смит има само 50. години, а пред само неколку години јавно пред медиумите го откри своето тешко искуство со опаѓање на косата.
– Беше страшно кога првпат почна. Бев под туш еден ден и имав само грст коса во рацете и само се прашував дали ќе ќелавам. Тоа беше еден од оние моменти во мојот живот кога буквално се тресев од страв. Затоа ја потстрижав косата, и затоа продолжувам да ја сечам – објаснила оваа актерка.
Оваа актерка неодамна донесе одлука да ја избричи главата.



Клои Кардашијан
Откако се заразила со корона вирусот во март 2020. година, Клои Кардашијан признала дека изгубила „голем дел од косата“. Оттогаш, таа се фокусирала на промени во животниот стил за да ја врати густата и полноста на косата што ја имала порано.
– Тоа се случуваше во делови, и беше како две или три недели откако го добив корона вирусот. Бев навистина вознемирена – не се чувствувате добро кога ќе се погледнете во огледало – објаснила Клои еднаш за американските медиуми.

Наоми Кембел
Дури и’ супермоделите имаат проблеми со опаѓање на косата како и сите ние, а Наоми Кембел не е исклучок. Во интервју за еден американски магазин, Кембел објаснила дека годините што ги поминала во рацете на фризери на модни ревии и кампањи оставиле ќелави точки. Манекенката исто така спомнала дека носењето екстензии на крајот предизвикало уништување на нејзиниот скалп.
– Сега повеќе се грижам за мојата коса, бидејќи сето тоа го изгубив со екстензии. Повнимателна сум и правам различни работи за да ја зачувам косата – објаснила Наоми.

View this post on Instagram

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …