(ФОТО) НАЈПОЗНАТАТА БАЛКАНСКА ГЛУМИЦА ВО ХОЛИВУД СЕ ПОРОДИЛА ВО ТАЈНОСТ: Никој не знаел дека е бремена, веста ја открила на НЕОБИЧЕН начин!

Успеала да сокрие се до моментот кога еден детаљ не ја издал.
Најуспешната холивудска актерка со балкански корени, Стана Катиќ (44), ѕвездата на серијата „Касл“, се породила кон крајот на 2021. година, но вешто ја криела среќната вест од јавноста, пренесува DailyMail.
Сепак, се’ се дозна кога Стана објавила фотографија на Инстаграм на која на својот сопруг Крис Бркљача му го честита Денот на татковците, кој во Канада се слави на 19. јуни.

View this post on Instagram

A post shared by Stana Katic (@drstanakatic)


– Среќен ден на татковците на сите татковци, но на мојата љубов и посакувам најсреќен. Најдобрата одлука што некогаш сум ја донела е да бидам со тебе. Те сакаме и среќни сме што можеме да го споделиме овој живот со тебе – напишала актерката.
-Тие добија дете оваа зима и оттогаш уживаат во своето мало семејство – изјави за медиумите ПР на актерката и со тоа потврдил дека се породила.
Да потсетиме, Стана и Крис се венчаа во 2015. година, а свечената церемонија се одржала на јадранскиот брег.
Стана неколку пати ја посети Србија, а последен пат во јавноста беше видена на концертот на Белградската филхармонија.


View this post on Instagram

A post shared by Stana Katic (@drstanakatic)


Инаку, Стана Катиќ е родена во канадскиот град Хамилтон, каде што нејзините родители Петар и Рада пристигнале од Далмација. Таткото е по потекло од Врлика, а мајката од околината на Сињ. Стана во неколку наврати изјавила дека има и српски и хрватски корени, а некои членови од нејзиното семејство потекнуваат од Црна Гора.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор Овој појадок …