Погледнете ги снимките направени по разорниот земјотрес во Авганистан

Во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава загинале најмалку 1.000 луѓе во Авганистан, а повеќе од 1.500 се повредени, соопштија властите, додавајќи дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми како што пристигнуваат информации од оддалечените планински села.
Фотографиите во авганистанските медиуми покажуваат куќи претворени во урнатини додека телата завиткани во ќебиња лежат на земја.


Хеликоптери се вклучени во спасувачките напори за транспорт на повредените и испорака на лекови и храна, рекол претставникот на Министерството за внатрешни работи Салахудин Аџуби.
„Бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми бидејќи некои села се во оддалечени планински области и ќе биде потребно извесно време за да се соберат податоци“.

Повеќето од жртвите се во провинцијата Пактики
Земјотресот во средата беше најсмртоносниот од 2002. година. Епицентарот беше на околу 44. километри од југоисточниот град Коста, во близина на границата со Пакистан, соопшти Американскиот геолошки институт (USGC).
Повеќето од потврдените смртни случаи се регистрирани во источната провинција Пактики, каде што загинале 255 луѓе, а повеќе од 200. се повредени, додал Ајуби. Во провинцијата Кост има 25. мртви, а 90. се префрлени во болница.

Хибатула Ахунџада, врховниот лидер на владејачките талибанци, изразил сочувство преку соопштение.

Земјотресот погодил околу 119. милиони луѓе
Земјотресот погоди околу 119. милиони луѓе во Пакистан, Авганистан и Индија, објави EMSC на Твитер, но нема извештаи за штети или жртви во Пакистан.
Дополнителен предизвик за авганистанските власти се неодамнешните поплави во многу региони, за кои агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека однеле 11. животи. Повредени се 50. лица, а блокирани се делови од автопатот.

Катастрофата доаѓа додека Авганистан се бори со тешка економска криза откако Талибанците ја презедоа власта, откако меѓународните сили предводени од САД се повлекоа по две децении војна.
Како одговор на преземањето на Талибанците, многу земји воведоа санкции врз авганистанскиот банкарски сектор и ја запреа помошта од милијарди долари за развој.

ОН испратија тимови на терен
Сепак, хуманитарната помош продолжи и меѓународните агенции работат. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (UNOCHA) соопшти дека Авганистан побарал од хуманитарните агенции да помогнат во спасувањето и дека екипи биле испратени во областа погодена од земјотресот.
Портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи изјавил дека меѓународната помош е добредојдена.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светиот маченик Јулијан Тарсиски: Чуда на неговите мошти во Антиохија

Православната црква денеска го одбележува споменот на Светиот маченик Јулијан Тарсиски Од благородно, сенаторско потекло; …