ОД ВЧЕРАШНИТЕ НАСТАНИ НА БИТ ФЕСТ: ПРАЗНИКОТ НА МУЗИКАТА „СОЛСТИС” НА БИТ ФЕСТ

Како дел од програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ”, во организација на Француската алијанса, а со поддршка од општина Битола, синоќа се одржа 20 јубилејно издание на Фестивалот „Солстис” – празникот на музиката.

На 10 сцени од Старата чаршија до Офицерскиот дом во Битола, голем број изведувачи, бендови оркестри, хорови и познати пејачи создадоа прекрасна атмосфера, токму во насока на реализација на целта на овој фестивал: да ја промовира музиката, а аматерите и професионалните музичари да се охрабруваат да настапуваат на улиците, додека концертните настапи се бесплатни за јавноста.


Фестивалот е традиционална музичка манифестација и истиот е дел од светската мрежа на овој франкофонски фестивал, познат и како Fete de la music, односно Светски ден на музиката и официјален почеток на летото. На овој ден во над 180 земји во светот каде франкофонијата има свое влијание, а голем број граѓани и музичари излегуваат на улиците, плоштадите и музицираат, пеат, танцуваат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Слушачка промоција на бендот „Red18“ – за гостин најавен “Димиш”

Откако „Red18“ го издадоа албумот Red18’s Grit, ја закажаа и нивната слушачка промоција на албумот, …