Најголем виновник за зголемувањето на крвниот притисок е всушност навиката која сите ја имаме

Една навика во исхраната може да се прогласи за главен виновник за зголемувањето на крвниот притисок, смета нутриционистот Лора Бурак.
„Имено, станува збор за прекумерна конзумација на натриум, кој најчесто се наоѓа во обичната кујнска сол. Повеќето луѓе го внесуваат во организмот со јадење вкусно месо, конзервирана храна и грицки како чипс и слично“, објаснила таа во едно интервју.
Таа препорачува да се консумира само свежо овошје и зеленчук. Исто така, задолжително измијте ја конзервираната храна пред да ја готвите. Постои уште една навика која „тајно“ го зголемува крвниот притисок, а тоа е хроничната дехидрација.

This image has an empty alt attribute; its file name is konzervirana-hrana.jpg
„Луѓето едноставно не пијат доволно вода. Кога ќе комбинирате исхрана богата со натриум со недостаток на вода, тоа може да биде сериозен проблем“, рекла таа. Иако стресот не е навика во исхраната, тој, се разбира, е многу присутен во нашиот секојдневен живот и лесно може негативно да влијае на крвниот притисок. „Прекумерниот стрес оди рака под рака со изборот на храна при купување. Повеќето од нас посегнуваат по чипс или чоколадо кога сме вознемирени”, вели таа.
Постојаното седење е исто така навика која не е поврзана со храната, но се подразбира дека тоа многу влијае на здравјето. Недостатокот на вежбање предизвикува задржување на хранливите материи во телото.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …