Во Скопје се одржа еднодневна меѓународна работилница за авторски и сродни права

Вчера во хотел „Солун“ во Скопје се оддржа еднодневна меѓународна работилница за авторски и сродни права за автори, изведувачи и филмски продуценти, на тема „Меѓународно искуство и практики“.
Гости предавачи на работилницата беа Грегор Штиберник – Генерален директор наСловенечката организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права на изведувачите, авторите и филмските продуценти АИПА и Петер Кеп – правник и оперативен менаџер во АИПА.
Работилницата имаше едукативен карактер и пред нашите носители на права беа споделени словенечките и европските практики, како и потенцирани важноста и значењето од имплементирањето и брзото спроведување на Закон за авторски и сродни права ЗАПСП во нашата држава.

This image has an empty alt attribute; its file name is CON_7728.jpg
На работилницата присуствуваа повеќе од 20 носители на права – актери, сценаристи, филмски режисери, директори на фотографија, аниматори, како и филмски продуценти.
Работилницата беше организирана од Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС И словенечката АИПА. Едногласно беше охрабрено постоењето и функционирањето на АЗАС како колективна организација која е од огромна важност за целиот филмски и аудиовизуелен сектор во нашата држава и се донесоа заклучоци со цел афирмирање на улогата и работата на АЗАС во иднина.
Организаторите информираа за динамичен период во иднина со цел воспоставување на соработки со останати светски и европски организации од оваа област и афирмирање на АЗАС.


This image has an empty alt attribute; its file name is CON_7704.jpg
Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС, е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права во републикава во согласност со ЗАПСП,која ги вклучува авторите, изведувачите и филмските продуценти под еден покрив.Има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, единствена во нашата земја за колектирање на средства од аудиовизуелните дела уште од септември 2018 година. Членка е на најрелевантните светски и европски организации во оваа област и партнер на AGICOA.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор Овој појадок …