(ВИДЕО) Уништил колекционерско Ферари од 2. милиони евра

Сопственикот го извлекол Ferrari F40 од гаражата за да учествува во прославата на 75-тиот роденден на познатиот италијански автомобилски бренд.
Ферари го слави својот 75-ти роденден. По повод одбележувањето на овој значаен јубилеј се организираат настани во различни делови на светот. Еден од нив била и аматерската „планинска трка“ во Швајцарија.
Бројни сопственици на автомобили на овој италијански производител можеле да го тестираат потенцијалот на своите возила на затворена рута составена од 12 кривини. За жал, не сите се вратиле дома со автомобилите во состојбата во која биле пред да почнат да возат.


Еден од нив навистина немал среќа. Сопственикот на Ферари Ф40 изгубил контрола над својот автомобил вреден околу 2. милиони евра во една од кривините. Скапиот автомобил се лизнал и удрил во оградата.
За среќа, ништо сериозно не се случило со возачот, но автомобилот ќе има потреба од многу скапа поправка. Целиот преден дел од автомобилот е оштетен.
Овој легендарен модел е придвижуван од 2.9 V8 мотор со два турбополначи. Возилото има 478 коњски сили и вртежен момент од 577 Nm, а автомобилот од 0 до 100 km/h забрзува за 4,1 секунди. Неговата максимална брзина е 324 км/ч.
Ferrari F40 се произведувал од 1987-1992 година. Во тој период се направени само 1.315 примероци.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор Овој појадок …