(ФОТО) „Бугати“ вредно 2 милиони евра на Кристијано Роналдо завршило во ѕид
Се уште се испитуваат деталите, а првичните извештаи велат дека возачот загубил контрола и удрил во ѕид од еден објект крај патот.
Кристијано Роналдо со семејството е на одмор во Мајорка, каде има изнајмено луксузна вила, а за да ужива во стил, одлучил да испрати и два автомобили на шпанскиот остров.
View this post on Instagram
Медиумите сега пренесуваат дека со еден од автомобилите, утрово, имал сообраќајна незгода, се работи за Бугати Вејрон вреден нешто над 2 милиони евра.
View this post on Instagram
Информациите велат дека Кристијано Роналдо не бил зад воланот, автомобилот бил управуван од вработен кој бил задолжен за транспортот.
View this post on Instagram
Се уште се испитуваат деталите, а првичните извештаи велат дека возачот загубил контрола и удрил во ѕид од еден објект крај патот.
Фото: Принтскрин/Instagram