Обувки кои не се препорачуваат од здравствени причини
Бидејќи летото избрза оваа година, веројатно веќе сте ги извадиле апостолките од плакарот. Колку и да сметате дека се удобни и погодни за топлина, апостолките не се толку практични како што изгледаат. Тие можат да предизвикаат навидум безопасни, но всушност многу опасни работи.
Стапалата во апостолките се изложени на бактерии и вируси од околината. Ова може да биде голем проблем ако сте ја оштетиле кожата или сте се исекле, бидејќи може да предизвика здравствени проблеми, како што е инфекција на раната. Затоа, едно мало исекување може да предизвика долго и напорно закрепнување.
Овој тип на обувки не нуди стабилност, поради што луѓето кои ги носат почесто одат подгрбавено, што може да предизвика долгорочни проблеми со ‘рбетот, колковите и колената. Од истата причина, носењето апостолки не се препорачува за луѓе со рамни стапала. Избегнувајте да купувате апостолки од непроверени извори, бидејќи чевлите направени од токсични материјали можат да предизвикаат алергии на кожата и многу други повреди на стапалата.
Апостолките се дизајнирани така што стапалото нема потпора или влошки што го ублажуваат ударот на стапалото на земјата при одење. Ова може да доведе до болки во стапалата, тендинитис и извртени зглобови.
Колку и да изгледаат како идеално решение, размислете двапати. Секако, можете да носите апостолки на плажа или базен, но пред тоа задолжително нанесете заштитна крема на стапалата за да ги заштитите од штетните сончеви зраци.