(Рецепт) Пијалак кој ги топи мастите од стомакот – доволни се две кафени лажички дневно

Доколку сакате да ослабете и да изгледате совршено во бикини, овој напиток може значително да ви помогне.
Вишокот килограми не е само естетски проблем, туку може да биде исклучително штетен за нашето здравје. Мастите кои се таложат околу половината се особено опасни и можат да го зголемат ризикот од многу болести. Одредени пијалоци можат многу да ви помогнат во процесот на слабеење. Покрај нив, за најефикасен ефект, треба да комбинирате физичка активност и урамнотежена исхрана.
Главната состојка на овој пијалок е рен. Содржи витамини Б1, Б2, Б6, Ц и калиум, железо, фосфор, магнезиум.
Тој е незаменлив додаток на различни јадења, особено на мрсна храна бидејќи помага за полесно варење, а во исто време го чисти телото и го забрзува метаболизмот.
Употребата на рен во исхраната води до правилна дигестивна работа и здравје на цревата. Ренот ја поттикнува и работата на црниот дроб, срцето и циркулацијата, а освен тоа е одличен диуретик и помага при ревматизам.

This image has an empty alt attribute; its file name is ren-med-i-limon-za-slabeenje.jpg


Состојки:
* 125 гр рен
* 3 лажици мед
* 2 лажички цимет
* 4 лимони
* малку корен од ѓумбир (до 2 см)
Подготовка: Ренот и ѓумбирот изблендирајте ги, па во блендерот додајте го исцедениот сок од лимон. Мешајте ја оваа смеса уште 3 минути.
На крајот додадете мед и цимет. Мешајте додека смесата не стане хомогена.Се препорачува да се зема по една кафена лажичка до две на ден пред јадење или пред вежбање. Се препорачува смесата да ја консумирате на овој начин 3 недели, а потоа да направите неколкудневна пауза.
Овој густ напиток е одличен диуретик и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот течности од телото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор Овој појадок …