(Рецепти) Не случајно е познато како „лек за се“: Ароматичното нане и неговите чудотворни моќи

Интензивната арома и освежителниот вкус е првото нешто што нè асоцира на нането, едно од најважните лековити растенија што се користи во народната медицина уште од античко време.
Овој народен лек со чудесна арома, кој нашите предци го сметале за „билка на долговечноста“, потекнува од Медитеранот, но може да се најде во сите тропски предели. Нането е повеќегодишно диво растение кое може да се одгледува дома, во градина или во саксии, а се’ што му треба е многу вода и често наводнување. Во светот има 25. видови, дури 100. подвидови и секој е ефикасен за човечкото тело.

Една од најважните состојки на нането е есенцијалното масло, само 2,5 отсто од него се наоѓаат во листовите, а до шест отсто во цветовите. Свежата арома и разладувачкиот вкус потекнуваат од ментолот што го има во изобилство во ова растение. Нането е одличен извор на манган, бакар, витамин Ц, содржи антиоксидантни, антибактериски, антивирусни и антигабични својства, но и минерали, киселини, бета каротин, влакна, танини, флавоноиди…


This image has an empty alt attribute; its file name is nane-caj.jpg

„Нането или мента денес широко се користат во фармацевтската, козметичката и прехранбената индустрија“


Денес, нането се користи како лек за многу болести и воспаленија. Благодарение на ментолот ги чисти дишните патишта. Ја ублажува кашлицата, иритирачкото чувство во грлото и симптомите на иритираните дишни органи, а се препорачува и при високи температури, настинки и грип. Ментолот е природен деконгестив (назален деконгестив), кој помага при проблеми со синусите. Исто така, нането ја подобрува циркулацијата и покажува антиинфламаторно и аналгетско дејство, што помага и при болки во мускулите.
Колку пати сте слушнале дека нането го смирува и опушта телото? Ако сте често нервозни или имате забрзано чукање на срцето, нането е ефикасно и за смирување и зајакнување на нервите. Во тој случај може да помогне шолја топла вода со неколку капки етерично масло од нане, а при лош здив доволно е да се напиете пијалок од лажичка суво нане и чаша вода, два пати на ден или исплакнете ја устата со оваа течност. Смирувачки делува и на варењето, па чајот од нане се користи против гасови, а ги ублажува и грчевите во цревата. Позитивно влијае и на меморијата, односно ја подобрува концентрацијата, но помага и во борбата против вишокот килограми бидејќи малку го намалува апетитот.

This image has an empty alt attribute; its file name is nane-caj-1.jpg


Чај
Можете лесно и брзо да направите прекрасен чај од нане. Потребно е: една лажица суви листови нане и 200 мл вода. Нането прелијте го со топла вода и оставете го барем еден час. Потоа процедете, засладете по желба и пијте во мали голтки еден час по оброкот.

Домашен сок
Ништо не може да ве освежи како сокот од нане. За негова подготовка потребни се: 300 гр свежо нане, 5-6 лажици шеќер, 3 кесички лимонтус, 3 л вода и уште 3 кг шеќер. Нането измијте го со ладна вода и ситно исечкајте го. Се меша со шеќер и сок од лимон и убаво се меша со раце. Прелијте со вода и оставете да отстои 24 часа. Потоа процедете го сокот преку газа и додадете 3 кг шеќер. Оставете да отстои уште 24. часа за да се стопи шеќерот со повремено мешање. Сирупот истурете го во стаклени или пластични шишиња доколку сакате да го замрзнете.

This image has an empty alt attribute; its file name is nane-pijalok.jpg

Купка
Ако сакате да се опуштите после стресен ден, направете купка од нане, маточина и мајчина душица. Свежо собрани или сушени растенија, по два шака, истурете топла вода, покријте и оставете 15 минути. Истурете го чајот што го добивте во када со вода и ставете ги растенијата во ленена кеса. Легнете во топлата вода и опуштете се. Дозволете му на нервниот систем и на организмот да ја апсорбираат моќта на природата од овие три кралици на лековити билки. Завршете ја бањата така што ќе го масирате целото тело со вреќичката со билки. Завиткајте се во голем пешкир и легнете половина час.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …