Медведев: „Ако зборуваме за најдобрите играчи во историјата на тревни терени – би го избрал Ѓоковиќ“

Првиот светски рекет, Данил Медведев, гo даде своето мислење за фаворитите на Вимблдон 2022. година.
„Новак секогаш е фаворит. Тој ги освои последните три изданија на Вимблдон. Игра многу добро на трева. Ако зборуваме за најдобрите играчи во историјата на тревата, би го ставил него на прво место. Федерер и Ѓоковиќ се најдобри во мојата генерација. Секако, Надал може да го освои секој турнир на кој ќе учествува, а Беретини игра на високо ниво. Затоа, ако зборуваме за фаворитите на Вимблдон, тогаш тоа се Ѓоковиќ, Беретини и Надал“ – изјави Медведев за „Диарио де Мајорка“.
Грен слемот Вимблдон 2022. ќе се одржи од 27. јуни до 10. јули. Ѓоковиќ има шест победи на овој турнир, Надал има две, Федерер осум.
За потсетување, на 20. април организаторите на Вимблдон им забранија на руските и белоруските тенисери да учествуваат на турнирот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Забрзувањето на Ѓоковиќ за четирифинале на Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четирифиналето на Вимблдон откако во мечот од четвртото …