(ВИДЕО) „Ти си мојот херој“ – двајца комичари во прегратка: Бен Стилер и Володимир Зеленски

Американскиот актер Бен Стилер во понеделникот се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кому му го пренел своето восхитување за неговите постапки од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.
„Ова е голема чест за мене… Ти си мојот херој“, рекол Стилер, кој е амбасадор на добра волја на Обединетите нации, за време на средбата со Зеленски, кој исто така е поранешен актер, по повод Светскиот ден на бегалците, а тоа го покаќуваат сликите и видеото што ги објави украинското претседателство.

This image has an empty alt attribute; its file name is zelenski-i-stiler-1.jpg
„Она што го направивте, начинот на кој ја мобилизиравте земјата, светот, навистина е извор на инспирација“, рекол 56-годишниот американски актер, мислејќи на безбројните говори што Зеленски ги одржа на интернет пред публиката ширум светот за да добие помош за неговата Земјата.

loading...


Претходно во текот на денот, Стилер го посетил Ирпин во предградието на Киев, каде што се воделе жестоки битки на почетокот на руската инвазија. Тоа е и најблиската точка до главниот град до која стигнала руската армија.
„Имам впечаток дека е тешко да се разбере што навистина се случува овде без да се дојде. Бев во Ирпин утрово и вистинското ниво на уништување можете да го видите на телевизија, го гледате тоа и на социјалните мрежи, но поинаку е кога навистина гледате и го почувствувате, а потоа разговарате со луѓето“, му рекол Стилер на Зеленски.

Зборувајќи на англиски, Зеленски му се заблагодарил на Стилер за посетата и му рекол дека е многу важно да го потсети светот на она што се случува во Украина. „За нас е неопходно луѓето да не заборават. Не е интересно да се зборува за војната секој ден… но за нас тоа е многу важно“, рекол украинскиот лидер. Тие разговарале и за нивното заедничко интересирање за комедијата, бидејќи и двајцата се познати по нивните комични улоги.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …