(ВИДЕО) Се мислело дека се на безбедно: Ураган потопил десетици скапи автомобили во гаража

Гаражата треба да биде безбедно засолниште за луксузни автомобили, но не е секогаш така.
Снимката доаѓа од Флорида на која се гледа сета моќ и уништување на ураганот. Јужниот дел од земјата го зафатиле обилни дождови, па поплавите биле неизбежни.
Така Мајами се соочил со поплави кои со години не се видени во тој град. Поплавени се улици, како и бројни објекти, меѓу кои и гаражи. Една од нив бил дом на голем број суперавтомобили пред да биде погоден од порој од кал.
Како што покажува видеото објавено на профилот на Инстаграм @florida_corvette_owners, десетици суперавтомобили биле под вода, меѓу кои и моделите 488 на Ферари, Рома и SF90, како и некои Ролс-Ројс и Мерцедес.

View this post on Instagram

A post shared by @florida_corvette_owners


Водата во голема мера се повлекла, а останатата работа ќе ја завршат пумпите. Сепак, последиците се повеќе од очигледни, па сигурно ќе бидат потребни големи суми пари за да се вратат во живот овие скапи автомобили, а некои веројатно ќе бидат отпишани.
И за крај, видео кое покажува како на новата Corvette C8 и оди прилично „добро“ на поплавените улици во Мајами. Corvette поминува низ водени пречки како мини подморница, иако не е јасно зошто некој би го изложил својот скап автомобил на таков ризик.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Погледнете што има BMW во тајната гаража „М“

НАЈНОВОТО видео не води во музејот на BMW во Минхен. BMW слави половина век од …