ТАЖНО – ОДИМ ДОМА ДА УМРАМ! Водителката си ја предвидела НАЈЦРНАТА СУДБИНА: Само неколку дена по тажните зборови стигнала веста дека починала!

Познатата ирски телевизиски водител Ајдин Кенеди починала на 43-годишна возраст од тешка болест, јавува „Дејли мејл“. Нејзината смрт дошла само неколку дена откако таа во јавноста признала дека е во болница и побарала „да се молат за неа“.
Ајдин минатиот вторник напиша дека има крварење во стомакот, споделувајќи фотографија од една од 12-те трансфузии на крв што ги примила, а потоа додала дека „ќе оди дома да умре“. За жал, нејзината претпоставка се покажала точна само три дена подоцна.

This image has an empty alt attribute; its file name is ejdin-kenedi-1.jpg


– Значи, не ми оди баш најдобро во животот и не ми е ништо подобро од кога дојдов во болница, па во основа – одам дома да умрам, но добивам палијативна нега. Моите деца знаат. Ако некогаш ги сретнете, и обрнете внимание на нив, знајте дека тие се најљубезните, најслатките и најблагодарните деца – напишала таа на Твитер.

Таа споделила и селфи со своите малечки – Јакоб и Ева, како и фотографија од цртеж кој и го подариле и на кој пишувало:
„За мама, се надеваме дека ќе оздравиш наскоро. Те сакаме многу“.
– Нашето време овде на Земјата е завршено, жал ми е поради тоа. Но, нема повеќе болка или болест за вас сега. Нема повеќе тага или траума – додала таа наскоро.


На социјалните мрежи од Ајдин се простуваат бројни познаници и пријатели, а британските медиуми пренесуваат дека ова е уште еден удар за нејзините родители кои веќе изгубиле три деца. Нејзиниот брат Дара починал на 35-годишна возраст од тумор на мозокот, а нејзината сестра Фиона починала на 44-годишна возраст од рак. Исто така, нејзиниот постар брат Рори загинал во сообраќајна несреќа кога имал само една година.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор Овој појадок …