(ВИДЕО) САМО ЧЕКА ДА ТЕ ОТРУЕ И ДА ГО ЗЕМЕ ОСИГУРУВАЊЕТО: Дебелка жена се омажила за ЖЕЖОК ФРАЕР и сите ја осудуваат: „Мислат дека мојот сопруг е платен актер!“

Пред да замине на свадба, Алиша Мекарвел гордо објавила кратко „транзициско видео“ во кое се таа и нејзиниот сопруг Скот, а со видеото напишала „My forever plus one“ (Мојот засекогаш број еден). Наместо пофалби и честитки, таа добила низа сурови коментари.
На видеото кое е прегледано над 12. милиони пати, двајцата прво се гледаат пред огледало во пешкири, а потоа се подготвуваат за венчавката. Ова кратко видео уште еднаш покажа колку луѓето можат да бидат зли кога се кријат зад екранот.

@aliciamccarvell My forever wedding date ♥️ @scottymc4 ♬ original sound – cam


Еден човек напишал во коментар:
– Дали е ова платен актер?
Алиша одговорила, велејќи:
– Ти си неплатен коментатор.
Едно лице ја бранело со зборовите:
– Веројатно е со неа бидејќи е драга девојка и го третира како крал. Вистинска љубов. Браво за нив!
„И имам дебел задник“, додала Алиша.
– Никој не сака да пишува што навистина мисли – напишала една жена, на што Алиша напишала:
– Само кажи Џули. Чекам…
Сепак, многумина ја пофалиле нивната врска, а еден од коментаторите напишал:
– Начинот на кој те гледа …

@aliciamccarvell


Let me love please. ||••

♬ what in the jesus christ was that – sam


Алиша претходно се пресметала со коментаторите кои имале да кажат само грди работи како дека е дебела и прашања за тоа како може да биде во врска со мускулест маж.
Корисничката на TikTok исто така побарала од луѓето да престанат да коментираат за нејзиното тело бидејќи таа е совршено среќна таква каква што е.
Во едно од следните видеа таа објавила некои од грдите коментари и прашања кои луѓето и ги оставале во коментарите. Во најголем дел, повеќето биле дека се загрижени за идејата дека е во врска со маж кој е „поубав“ од неа.
„Луѓето ми поставуваат прашања како на дебела жена мажена за мускулест маж“, започнала таа. Тврдела дека ја прашале дали е загрижена дека ќе ја изневерува поради тоа како изгледа, на што таа одговорила „нема шанси“. Алиша исто така тврди дека ја прашале дали е „финансиер“ во нивната врска, на што таа рекла дека работат и заработуваат. Таа додала дека непознати луѓе ја прашале дали сопругот ја ’присилува’ да оди во теретана, на што таа одговорила:
– Не ме тера да правам ништо.
Алиша потоа ги замолила луѓето да се грижат за нивните односи, наместо да се занимаваат со нејзините бидејќи е среќна со својот сопруг, пишува британски Сан.

@aliciamccarvell

Just me looking cute. ||••

♬ Emotional Piano for the Soul (Inspirational Background Music) – Fearless Motivation Instrumentals

– Не можам да престанам да се прашувам колку се тажни и огорчени луѓето, па својата несигурност и недостатоци ја проектираат на другите – напишал еден коментатор.
– Тие се само љубоморни што имате убав сопруг, а тие немаат“, напишала друга жена.
– Тој само чека да те отруе и да ти го подигне животното осигурување, напишал еден човек.
– Тој те изневерува, сигурно. Но, браво за вас – напишал друг.
– Хм, сигурно ги сака твоите пари – напишал друг коментатор, а потоа некој додал „некој има многу пари“, на што друг коментатор додал „љубовта е дефинитивно слепа“.
Алиша станала вирална на TikTok затоа што решила да објави боди – позитивни видеа, интимни моменти помеѓу неа и нејзиниот сопруг и нивните заеднички моменти во теретана. Таа постојано им кажува на луѓето дека не оди во теретана затоа што тој тоа го бара од неа, туку затоа што таа сака да се чувствува добро со себе.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …