(ФОТО) ЏЕЈ ЛО И БЕН АФЛЕК ТАЈНО СЕ ВЕНЧАЛЕ? Повторувајќи го старото сценарио, гостите морале да потпишат договор за тајност

Според странските медиуми, латино дивата Џенифер Лопез наводно се омажила за холивудскиот актер Бен Афлек.
Познатиот пар кој ја обнови врската по речиси 20. години, а се вери по една година, сега е во брак, а одбрале бајковита локација скриена од љубопитните погледи и медиумското внимание.
Станува збор за хотелот Риц-Рејнолдс опкружен со бујни крошни на дрвја со фантастичен поглед на езерото Окони во државата Џорџија.
Дека церемонијата навистина се одржала потврдиле и хотелските работници кои додале дека сите, без разлика дали работат таму или се гости на свадбата, морале да потпишат договор за тајност.

Сè уште нема фотографии од церемонијата, но се шпекулира дека парот ги продал на магазин, кој ексклузивно ќе ги објави во следните неколку дена.
Исто така, списокот на гости не е познат, но се споменува дека меѓу нив бил и поранешниот сопруг на латино дивата – Марк Ентони, со кој добила близнаци, а со кој се уште е пријател.
Многумина коментираат дека „Бенифер“ го повториле „сценариото“ од пред речиси 20. години, кога ги измамиле медиумите за да ја задржат венчавката во тајност. Во тоа време дури организирале статисти за да ги глумат Бен и Џеј Ло, додека тие судбоносното „да“ го кажале на друга локација.



За жал, поради преголем притисок, нивната врска се распадна само 4. дена пред свадбата. Сега се вели дека овој пат целата приказна ја одработиле до крај и тоа далеку подобро од првиот пат.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Жените родени во овие знаци се најпосакуваните партнери и сопруги

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …