Неуромедика доби две награди на Balkan Medical Awards 2022

30 годишното искуство на болницата Неуромедика како високо квалитетна медицинска установа го потврдија и членовите на жирито на “Balkan Medical Awards” кои одлучија оваа година да им доделат две награди “Болница на годината 2022’’ и “Најдобар менаџер за 2022”.

This image has an empty alt attribute; its file name is neuromedika-nagradi.png


На свечениот настан “Balkan Medical Awards” кој се одржа на 17. јуни во Пловдив, во хотелот “Санкт Петерзбург”, наградите ги прими сопственикот и Генерален менаџер на Неуромедика Д-р Емил Угриновски кој им се заблагодари на организаторите и членовите на жирито за укажаната доверба.

This image has an empty alt attribute; its file name is neuromedika-nagradi-2.jpg


“Особено сум горд и среќен на овие награди за Неуромедика. Наградата за Неуромедика за најдобра болница доаѓа во многу важен период за нас кога одбележуваме јубилеј 30 години постоење. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно. Да се опстои 30 години на врвот во македонското и р гионалното здравство е резултат само на посветено и континуирано инвестирање во нашите капацитети, во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар. Наградата за “Најдобар менаџер” што ја добив би сакал да ја посветам на моите вработени и на моето семејство кои неизмерно ме поддржуваат и ме прават да бидам успешен во она што го работам. Успешен менаџер се станува само ако сте опкружени со вреден и квалитетен тим на луѓе, а ние во Неуромедика го имаме баш тоа.” – истакна Д-р Емил Угриновски.

This image has an empty alt attribute; its file name is neuromedika-nagradi-1.png


Добивањето на овие награди за  Неуромедика е директен индикатор за нивното високо ниво на квалитетк ое е постигнато низ посветеност и грижа за здравјето на пациентите во државата и регионот.  30 години Неуромедика работи на тоа поле, да се пружа современо и пристапно здравство за секого со напредна медицинска апаратура и еминентни лекари кои се експерти во своите области.

This image has an empty alt attribute; its file name is neuromedika-nagradi-4.jpg

Болницата Неуромедика е првиот приватен здравствен бренд во Р. Македонија и е позната по современиот пристап и напредната здравствена заштита за пациентите. Во изминативе 30 години значително ги подигнаа критериумите на здравството во државата преку континуирано инвестирање во медицинска апаратура и капацитетите. Нивната болница во центарот на Скопје е изградена по најмодерните светски болнички стандарди, а условите за грижа за пациентите се на највиско ниво.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …