(ВИДЕО) ДОБИЛА ТОРТА НА ПОДАРОК, А КОГА ЈА ИСЕКЛА ЈА ДОЧЕКАЛ МОРБИДЕН ПРИЗОР: Интернетот гори затоа што многумина мислат дека станува збор за МАГИЈА!

Мексиканската инфлуенсерка Ешли Арисделси, девојка која ја следат над милион луѓе на TikTok, неодамна доживеала голема непријатност. Изненадувањето во форма на торта требало да биде пријатно и вкусно, а се претворило во ноќен кошмар за секоја жена.
Имено, се покажало дека младиот човек намерно го наполнил десертот со црви, што ја шокирало и расплакало Ешли. Со што таа го заслужила тоа останало нејасно, но приказната не завршува тука бидејќи нејзините суеверни придружници и рекле дека целта на тој чин е да и фрлат клетва.

@soyashlyoficial_


CUIDADO! Que no te pase lo que me pasó a mi.

♬ sonido original – soy Ashly Oficial


– Ова страшно ме растажи затоа што никогаш не сум добила подарок. Не разбирам зошто некој би ми го направил тоа – рекла вознемирената девојка и додала:
-Кога тој придружник ми ја предаде тортата, веднаш си замина.
– Не сакаше ни да се фотографираме, ништо. И се плашам дека луѓето се во право кога ми велат дека тоа е нешто поврзано со магија – изјавила Ешли Арисделси, чии зборови ги пренесува порталот „El Universal“.
– Чувај се. Очигледно е нешто лично. Овој човек вложил многу труд за да го склопи ова и да го испорача – и порачала една жена.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) МОЗА БИНТ НАСЕР – Сопругата на катарскиот шеик стана модна икона на СП, нејзините комбинации привлекуваат внимание

Моза бинт Насер, сопругата на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, …