(ВИДЕО+ФОТО) ФОРМУЛА1 – Ферстапен класа за себе, Алонсо втор во Канада!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Канада, деветта трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, во исклучително тешки услови.
До најдобрата стартна позиција Холанѓанецот стигна во круг од 1:21.299 минути, а на патеката „Жил Вилнев“ го забележа вториот триумф сезонава во квалификациите, а вкупно 15-ти во кариерата.

Ферстапен беше класа сам по себе во саботата попладне, што ја потврдува неговата предност од шест десетинки пред Фернандо Алонсо во болидот на Алпина на втората позиција. Двократниот светски шампион со тоа се враќа на првата стартна линија за прв пат по 2012. година. Третото место го зазеде возачот на Ферари, Карлос Саинс јуниор, кој заостанува десетинки зад својот сонародник.


Покрај маестралното возење на Ферстапен по влажната патека, која почна да се суши во финишот, квалификациите ги одбележа и несреќата на неговиот тимски колега Серхио Перез, која предизвика прекин. Мексиканецот изгуби контрола над болидот и удри во заштитната ограда во текот на вториот дел и ќе стартува од 14. позиција. Главниот конкурент на возачите на Ред Бул во борбата за титулата, Шарл Леклер, ќе влезе во трката од самиот заден дел бидејќи смени многу делови од својата погонска единица.
Квалификациите во Монтреал приредија многу возбудувања од последната минута, а првото изненадување беше четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел. Откако беше во водство на третиот слободен тренинг само два часа претходно, возачот на Астон Мартин беше елиминиран во првиот дел, бидејќи беше само 17-ти. Пред него беше Пјер Гасли во автомобил Алфа Таури, а по него домашните возачи Ленс Строл и Николас Латифи и Јуки Кунода.

Уште пред квалификациите се знаеше дека Цунода и Леклер ќе стартуваат од последниот ред поради казни, но монегаскиецот се откажа од понатамошното возење по минувањето во вториот дел. Ова исто така значи дека возачите кои се најдоа меѓу него и јапонскиот возач ќе се поместат една позиција напред на стартот.
Вториот дел од квалификациите го одбележа инцидентот на Перез, бидејќи вториот возач на Ред Бул претходно за влакно избегна рана елиминација. Црвеното знаме беше истакнато на патеката, додека квалификациите за Мексиканецот завршија и тој мораше да се задоволи со 13. позиција. Пред него беа елиминирани Валтери Ботас во Алфа Ромео и возачот на Вилијамс, Александар Албон, додека Ландо Норис во болидот на Мекларен беше пронајден меѓу Перез и Леклер.

Во борбата за пол-позицијата Ферстапен беше недопирлив, а до самиот финиш предноста му беше повеќе од секунда. Се чинеше дека Саинс може да му се закани, но загуби многу време во последниот сектор, а меѓу нив во последните моменти интервенираше Алонсо. Најдобрите тројца ги следеше седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, пред импресивните возачи Хас Кевин Магнусен и Мик Шумахер. Друг возач на Алпина, Естебан Окон, беше седми, пред Џорџ Расел, кој единствено на патеката излезе со гуми на суво, но поради тоа излета од патеката. Другиот возач на Мекларен, Даниел Рикардо и Гуања Џоу во Алфа Ромео беа меѓу првите десет.
Трката за Големата награда на Канада започнува во недела во 20 часот, со директен пренос на HD Sports Club.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ – Гледачите згрозени од новиот филм за Мерлин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте!“

Филмот „Blonde“, измислена приказна за легендарната актерка Мерлин Монро, кој неодамна беше објавен на Нетфликс, …