(ФОТО) Девојката на Ди Каприо го прослави 25. роденден, луѓето се шегуваат: „Време е да раскинете“

МАНЕКЕНКАТА Камила Мороне, девојката на познатиот актер Леонардо ди Каприо, го прослави својот 25-ти роденден. Таа по повод роденденот објави фотографија на Инстаграм.
„Помина четврт век. Им благодарам на сите што ми праќаат роденденски честитки“, напишала таа во описот на фотографијата, а луѓето во коментарите постојано се шегуваат на сметка на нејзината врска со Ди Каприо, кој најчесто излегуваше со помлади девојки.

View this post on Instagram

A post shared by Camila Morrone (@camilamorrone)

loading...

„25? Значи ти и Лео раскинувате?“, „Можеби ти ќе бидеш неговата прва девојка што ќе стигне до 26. години“, „Сигурен сум дека врската ти беше забавна додека траеше“, „Време е за раскинување“ „Вашата врска е завршена, мила“, се дел од коментарите.


Инаку, Ди Каприо ја започнал врската со Камила кога таа имала само 20. години, а странските медиуми одамна пишуваат дека актерот има тенденција да излегува со девојки кои се помлади од 25. години. Но, на парот, кој има 23. години разлика, изгледа не им пречат злобните коментари.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …