(ФОТО) „АКНИТЕ МИ ГО УНИШТИЈА ЖИВОТОТ“: Со години се мачела, а потоа нашла ПРИРОДЕН „ЛЕК“ и доживеала неверојатна промена!

Ако некогаш сте страдале од акни, лесно е да се разбере како се чувствувала Менди Назе (29) во најлошите денови…
Таа имала само 15. години кога првпат доживеала проблем со акните, во 2007. година, откако лекарите и дијагностицирале тешки нодулоцистични акни.
Лицето, челото, градите, вратот и грбот и биле тешко погодени, а имала дебел слој гној и исцедок кој и предизвикувал големи болки.
Само неколку месеци подоцна, таа нашла циста на препоните предизвикана од болна долготрајна состојба на кожата која предизвикува апсцеси и лузни.

This image has an empty alt attribute; its file name is problemi-so-akni-1.jpg


Обично се јавува во близина на потните жлезди каде што се наоѓаат фоликулите на косата, обично околу препоните, дното, градите и пазувите. Тоа оставило фатални последици по нејзиниот интимен живот, бидејќи верувала дека на нејзиниот партнер ќе му се згади.

@biendansapeau Un petit rappel toujours utile :-)#maladiedepeau #acne #ezcema #psoriasis #maladiedeverneuil dermatite #peaugrasse #peauseche # #dermatologie ♬ There’s Still A Light In The House – Valley


Таа испробала сè
За време на борбата со акните, лекарите и препишувале разни креми кои не помогнале, како и разни лекови кои таа ги одбивала поради несакани ефекти.
По една деценија борба, Менди ја отфрлила пилулата во корист на натуропатскиот пристап. Иако прекинот на хормонската терапија првично довело до влошување на нејзината состојба, таа сега вели дека нашла природно решение кое и одговара.
Тоа вклучувало здрава исхрана, лековити билки, вежбање неколку пати неделно, лимфни масажи, сауна, билни и есенцијални масла.

This image has an empty alt attribute; its file name is problemi-so-akni-2.jpg


Менди сега е презадоволна како изгледа нејзината кожа, бидејќи веќе две години нема проблем со акни и  цисти како порано.

@biendansapeau #peau #acne #maladiedeverneuil #ezcema #psoriasis #dermatite #dermatoses #rss #traitement ♬ son original – Biendansapeau

Најтешкиот дел е борбата со психата
Менди рекла: „Тоа влијаеше на мојата врска бидејќи ми стана тешко да се справам со интимноста. Најтешката работа кај оваа кожна болест е непредвидливоста. Никогаш не знаете кога ќе се случи нова буктиња, а кога ќе се случи, се прашувате колку долго ќе потрае“.
„Понекогаш треба да ги откажете планираните активности со пријателите во последен момент и на крајот да се отсечете од општеството затоа што не можете да живеете како што сакате – долги години не можев ни да ја носам облеката што сакав да ја носам, на пр. како фармерки, бидејќи беа премногу тесни.
„Мојата самодоверба беше сериозно нарушена со текот на годините кога сериозно страдав од акни бидејќи морав да се соочам со погледите на луѓето кои гледаат во моето лице и биста. Погледите беа погрдни како да сум валкана“.

This image has an empty alt attribute; its file name is problemi-so-akni-3.jpg

Денес, Менди ужива во новиот изглед и се држи до новиот начин на живот, со вежбање, здрава исхрана и грижа базирана на билки и есенцијални масла.

Фото: Принтскрин/TikTok/@biendansapeau

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. зборови кои ќе го променат текот на вашата врска: Обидете се да го кажувате ова почесто и вашата врска ќе цвета

Три збора што треба да ги кажувате во врската… Еден љубезен збор отвора и железна …