(ФОТО) НОВО ПОГЛАВЈЕ – ПРИБЕЖИШТЕ ПО РАЗВОДОТ: Шакира со децата „бега“ во луксузна вила во Мајами? 

Пејачката ќе има неколку промени по разводот со Жерар Пике…
Пред неколку месеци почнаа гласини дека Шакира Мебарак и Жерар Пике ја прекинале љубовната врска. Следбениците на парот забележале дека повеќе не споделуваат заеднички слики или коментари, што ја поттикнало претпоставката дека на оваа љубов и дошол крајот.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


Откако светските медиуми открија дека Пике повеќе не живее со Шакира, туку во својот момчешки стан, агенцијата која ја застапува пејачката била задолжена да издаде соопштение во кое ги потврди сомнежите: „Жал ни е да потврдиме дека се разделуваме“, гласела реченицата со која започнало соопштението. Што ја чека пејачката во иднина?


Луксузната куќа на Шакира
Шакира е една од најпознатите пејачки во светот. Нејзиниот талент ја натера да се дружи со големи уметници во индустријата како Џенифер Лопез и The Black Eyead Peas. Оваа слава и овозможи на жената од Баранкила да акумулира големо богатство и луксузни имоти.
Еден од споменатите имоти е вилата што ја ставила на продажба пред 10. години, но која досега немала купувач и затоа би била многу веројатна опција за преселување на Шакира по разводот.

Овој луксузен дом во Мајами се наоѓа на North Bay Road Drive. Градбата од илјада метри квадратни има поглед и директен излез на море. Неколку метри подалеку, вилата има пристап до заливот Бискејн, така што пејачката и нејзините гости можат да пловат со нивниот приватен брод.
Вилата има и шест спални соби и шест бањи, како и одлична декорација и осветлување. На големата тераса и базенот, кој е украсен со палми и разни луксузни растенија.

Познато е дека во 2021 година Шакира за таа куќа побарала 16. милиони долари. Не се знае дали пејачката ќе се пресели таму и дали тоа ќе го направи во друштво на своите деца.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


Сеуште не е јасно како ќе биде поделено старателството над Милан и Саша, бидејќи се’ зависи од тоа колку пријателски ќе бидат преговорите и ќе се земе предвид фактот дека малолетниците веќе имаат воспоставен живот во Шпанија.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Повторно заедно – Кели од Беверли Хилс сподели фотографија и ги воодушеви фановите на култната серија

Тие беа ѕвездите на култната серија од деведесеттите „Беверли Хилс 90210“ на авторот Дарен Стар, …