Кога се гладни, најдолговечните луѓе на светот посегнуваат по оваа храна

СИНИ зони се местата со најголема концентрација на стогодишници познати по најздравите навики. Додека генетиката најверојатно игра улога во очекуваниот животен век во овие региони, истражувањата покажаа дека не треба да се занемарат ниту движењето, социјалните односи, нивото на стрес и исхраната.

Најголемиот оброк во денот во сините зони е појадокот, а најмалиот е вечерата. Постојат неколку намирници кои најдолговечните луѓе ги јадат секој ден, а кога ќе им „засвири стомакот“ пред ручек или вечера, тие посегнуваат по здрави грицки.

loading...

Јатки
Јатките се вообичаена храна во повеќето заедници во сините зони. Според National Geographic, адвентистите во Лома Линда, кои секојдневно јадат јатки, имаат подолг животен век, понизок холестерол, помалку воспаленија и понизок крвен притисок од оние кои не ги јадат често.
American Journal of Lifestyle Medicine наведува дека исхраната во сите пет сини зони е растителна, додека месото е само за повремена консумација. Ова е причината зошто жителите ги добиваат повеќето од нивните прехрамбени масти од храна како што се јатки и маслиновото масло.

Папаја
Папаја е секојдневна храна за жителите на Никоје во Костарика и многу веројатно една од најздравите што ја консумираат. Папајата е богата со витамини Ц, Е и А, а содржи и папин за кој е познато дека помага во намалување на воспалението во телото.


This image has an empty alt attribute; its file name is leb-bez-griza-na-sovest.jpg

Леб од цело зрно на пченица
Заедничко за најдолговечните луѓе во светот е да се држат настрана од бел леб. Наместо тоа, тие јадат леб од цело зрно или кисело тесто.


Авокадо
Жителите на Лома Линда се главно адвентисти од седмиот ден. Освен што религијата им е многу важна, тие најмногу јадат вегетаријанска храна. Авокадото е нивната главна храна. Според една статија на National Geographic за сините зони, авокадото е корисно за намалување на холестеролот и содржи 30 отсто повеќе калиум од бананите. Утврдено е и дека авокадото помага во контрола на тежината и го намалува ризикот од дебелина и дијабетес тип 2.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Теретана под јорган: Пет пози кои согоруваат НАЈМНОГУ КАЛОРИИ

Половина час водење љубов потрошува околу 150. калории, но бројката може да биде поголема, во …