ЈА ХИДРИРА КОЖАТА И ГО НАМАЛУВА ЦЕЛУЛИТОТ, а само кога ќе ги пробате овие рецепти уште повеќе ќе ги засакате краставиците!

Овој период од годината е вистинска ризница на здрава, свежа храна богата со витамини. Покрај спанаќот, брокулата, зелката, блитвата и другите омилени зеленчуци, тука е и краставицата која не само што е одлична во салатите, туку има и неверојатни придобивки за нашиот организам.
Сезона е на краставици, а тоа е само уште една причина да го консумирате овој здрав зеленчук. Имено, таа е богата со витамин Ц, а покрај тоа што ја прави кожата блескава, краставицата содржи и над 90 отсто вода, па затоа е идеална храна за хидратација на организмот. Ви дава енергија и ги елиминира токсините, а освен тоа оваа намирница е богат извор на влакна, па е одличен избор за секоја летна диета.

Мала историја на овој одличен зеленчук
Краставицата потекнува од Индија, а пред 5.000 години ја користеле древните народи од падините на Хималаите. Старите Египќани и Индијанци почнале да го одгледуваат пред 4.000 години, Грците околу 600 година п.н.е., а Римјаните малку подоцна.
Ова растение бара многу влага за раст, и тоа: влажност од 70-90%, и влажност на почвата од 65-75%.
Најдобри резултати дава на длабоки, плодни и структурни почви. Терените изложени на силен ветер не се соодветни.


Постојат неколку различни сорти на краставици, а тие се поделени по должината на плодот, па така постојат сорти со долги, средни и кратки плодови. За производство во пластеници се користат сорти со долги плодови. За индустриска преработка се користат сорти со кратки плодови (корнишони), а за свежа конзумација се користат среднодолги плодови.

This image has an empty alt attribute; its file name is krastavica-kako-lek-1.jpg


Здравствени придобивки од краставиците
Ја крева енергијата
Доколку ви недостасува енергија и се чувствувате исцрпено, наместо енергетските пијалоци кои се многу нездрави, треба да посегнете по краставици. Поради Б витамините и јаглехидратите со кои е богат, краставицата ќе ви обезбеди дополнителна енергија која ќе ве разбуди. Го хидрира телото и ги елиминира токсините
Поради високата содржина на вода, краставицата му помага на телото да се ослободи од непотребните токсини и нечистотии. На овој начин, овие зеленчуци го чуваат и здравјето на бубрезите, бидејќи го намалуваат нивото на урична киселина во телото и на тој начин ги одржуваат овие органи во добра форма.

Го регулира шеќерот
Овој зеленчук особено им се препорачува на дијабетичарите, бидејќи содржи хормон кој на клетките на панкреасот им е потребен за производство на инсулин. Го подобрува варењето и помага при слабеење
Поради големото количество влакна во него, оваа намирница е добра за варење и ја регулира нејзината работа, а водата што ја содржи, но и малиот број калории ја прави оваа храна идеална за сите кои сакаат да ослабат и да ја одржат посакуваната тежина. Користете ги што е можно повеќе во текот на сезоната, а нека ви биде задолжителна состојка во салати, сендвичи и супи. Можете да ја исечете и на стапчиња и да ги јадете како ужина или да го додадете во вкусни шејкови, но и витаминска вода која ќе ве освежи и ќе поттикне побрзо согорување на ситните наслаги.


This image has an empty alt attribute; its file name is krastavica-za-otoci-okolu-oci.jpg

Ги намалува темните кругови
Дали вашите очи се уморни и отечени? Врз нив ставете парчиња краставица. Иако оваа сцена е веќе толку честа што станува клише, краставицата навистина помага да се намалат темните кругови и отечените очи поради своите антиинфламаторни состојки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како јас и дечко ми целосно ја трансформиравме цела куќа за 10.000 евра – Промена од под до плафон

Старата трошна куќа од 19 век добила нов изглед, во скандинавски стил. Имено, Хана Хемсберген …