(ФОТО) ЛИЧНО ИСКУСТВО – 10. НАЧИНИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА

Долготрајното покачено ниво на шеќер (гликоза) во крвта предизвикува оштетување на клетките, првенствено малите и големите крвни садови. Како резултат на тоа, функцијата на важни органи е оштетена. Најчесто се засегнати очите, срцето, бубрезите, мозокот.
Џеси Иншаспе станала експерт за шеќер по тешката несреќа што ја доживеала на 19. години. Таа потоа имала голема и сериозна повреда на грбот, а потоа почнала да има проблеми со шеќерот во крвта.
„Бев многу исплашена, направив голема операција и со години ги трпев последиците. Затоа почнав да барам начин повторно да се поврзам со моето тело, да се грижам за него, да се чувствувам подобро и да најдам среќа“, изјавила Џеси за Vogue.
Така почнала да студира биохемија, а потоа работела во областа на генетиката во Сан Франциско. Деноноќно истражувала сè за шеќерот и гликемијата. Ја променила исхраната и сакала науката да ја направи забавна и за другите луѓе. Денес нејзиниот Инстаграм профил го следат повеќе од 620.000 луѓе.
Како што вели, дури 80 отсто од луѓето кои не се дијабетичари имаат скокови на шеќерот во крвта секој ден без да знаат. Овие скокови предизвикуваат три физиолошки процеси: лачење на инсулин, воспаление и забрзано стареење, што доведува до желба за нездрава храна, постојан глад, замор, забрзани брчки, акни, нарушувања на спиењето, синдром на полицистични јајници и, како што вели Џеси, тивок развој на дијабетес. Добрата вест е дека регулирањето на нивото на шеќер во крвта е можно и навистина ги менува животите.

View this post on Instagram

A post shared by Jessie Inchauspé (@glucosegoddess)

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Светот останал без зборови: Дизајнерите на речиси голата Бела Хадид во живо насликале фустан!

А на Модната недела во Париз во рамките на ревијата на Coperni се случил вистински …