Трикови за борба против гладот ​​- што да јадете и брзо да ослабете!

Ако планирате диета, или сакате да го намалите внесот на храна, еве неколку намирници кои ќе ви помогнат да го регулирате апетитот.

Јаболко пред јадење
Идеално е да се јаде јаболко половина час пред оброк, бидејќи поттикнува чувство на ситост. Со оглед на тоа што се полни со вода и растителни влакна, јаболката се идеално овошје за грицкање, а некои истражувања дури покажале дека телото троши многу калории за варење на јаболката.


Авокадо за ситост
Ако јадете половина авокадо со ручек или после ручек, нема да чувствувате глад цело попладне, тврдат нутриционистите. Според една студија објавена во списанието Nutrition, жените кои јадат половина авокадо за време на ручекот покажуваат дури 25 отсто помала желба за храна три часа после оброкот и помалку се во искушение да посегнат по грицките.

This image has an empty alt attribute; its file name is avokado-1024x576.jpg


Супа пред јадење
Супата е идеален почеток на секој ручек. Една чинија супа содржи многу малку калории, и многу витамини и минерали, освен што после супата ќе изедете 20 отсто помалку од главното јадење. Исто така, супата физички зафаќа многу простор во желудникот, па јасно е дека не можете да јадете особено голема количина на храна потоа.

Краставици за метаболизам
Содржат малку калории и многу вода, што ги прави идеална храна за сите кои сакаат да ослабат. Покрај свежите, добри се и киселите краставички, како и другиот кисел зеленчук, бидејќи го поттикнуваат производството на хормони кои испраќаат импулс од цревата и желудникот до мозокот дека сте сити. Тие исто така дејствуваат како пробиотици.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ГИ НАСМЕАЛ ГЛЕДАЧИТЕ – Водителот на РТС се „телепортирал“ во студио за време на преносот на СП: „Сепак, не ја плаќаме претплатата за џабе!“

Водителот на Радио-телевизијата на Србија (РТС) стана хит на социјалните мрежи откако се „телепортираше“ во …