Таа беше хероината на своето време, насловните страници на модните списанија плачеа за нејзиното лице, но судбината на оваа манекенка имаше нешто поинакви планови.
– Ако престанам денес, ќе вреди. Дури и ужасните грешки што ги направив што би ги исправила ако можам. Болки што ме изгореа и ми ја исплашија душата… Се’ вредеше. Затоа што можев да одам таму каде што одев, и шетав низ Пеколот на земјата, Рајот на земјата, повторно назад, долу, далеку помеѓу, низ, внатре и горе – напишала за себе Џија Каранџи.
View this post on Instagram
Џија Каранџи светот ја памети како трагична хероина, чија убавина ја прослави цела планета и чија животна приказна има тажен крај.
Родена е на 29. јануари 1960. година во Филаделфија, а целата нејзина животна приказна завршила за само 26. години. До денес, таа останува запаметена како првиот светски супермодел во доцните 70-ти и почетокот на 80-тите години на минатиот век.
Таа пораснала на периферијата на Филаделфија, нејзиниот татко имал неколку скари, а нејзината мајка била домаќинка која се грижела за куќата, нејзиниот сопруг, Џија и нејзиниот брат. Тие двајца често седеле на скалите и ги слушале родителите како се караат. И покрај тоа што го мразела, распадот на семејството, на 11-годишна возраст, тоа бил голем удар за Џија, а откако мајка и ги напуштила, таа продолжила да живее во страв од осаменоста.
Модните агенти ја откриле кога имала 17. години, по што заминала во Њујорк, каде и требало само една година да прерасне во професионална манекенка, која сакале да ја ангажираат сите уредници и дизајнери. Набрзо стана миленичка на Келвин Клајн и Ралф Лорен, но и на Диор и Армани.
Егзотичната убавица, од татко Италијанец и мајка Ирка, беше откровение во врска со ерата на „русокосите бомби“, необична, дива и слободна, уживаше светска слава што значеше многу повеќе од добра фотографија.
View this post on Instagram
Меѓутоа, набрзо почнала да флертува со дрога, прво со марихуана, а потоа и со кокаин. Бунтовната адолесценција и сето она што и претходело во животот, неспорната потреба за љубов и припадност, биле плодна почва за такво нешто. Ноќите ги минувала во „Студио 54“, каде и започнал нејзиниот крај.