(ВИДЕО+ФОТО) Концерт за историја: „Меморија“ го сплоти народот со песна и покажа дека Македонија е жива, горда и вечна!

„Меморија“ вчеравечер, сабота 11 јуни 2022 година ја „урна“ А1 арената „Борис Трајковски“. И покрај сите неприлики и малери кои му претходеа на долго најавуваниот концерт, групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воошто, што една македонска група го направила.

Исполнета до максимум, салата беше претворена во концертна арена со сите нишани. Досега неслушнат звук доведен до работ на совршенство визави лошиот глас што ја бие акустиката на салата, како да настапува светски познат бенд, а не македонска група. Визуелните и светлосните ефекти во комплетна функција на она што се случуваше на сцената, атмосферата максимално загреана уште во самиот старт со настапот на младите музичари од бендот „2ВЕ“ кои беа достојна предгрупа на големата „Меморија“.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is memprija-koncert-13.jpg

Со првите звуци на сајзерите и гитарските тонови веднаш се почувствува набојот на позитивна вибрации кој публиката беше подготвена да го создаде заедно со бендот.


Култната „Македонија“ за старт на концертот кој беше многу повеќе од само обична рок ен рол журка.

Како што се редеа песните од првата фаза, од почетоците на постоењето на бендот, така навираа емоциите вткаени во стиховите кои со текот на годините стануваат се посуштински, поважни, побитни… Некои од нив дури и историски! Бендот усвирен до бескрај, звучи како уиграна машина која полека го достигнува својот зенит со секоја нова песна , секој нов рефрен, доведувајќи ја атмосферата до точка на вриење…


This image has an empty alt attribute; its file name is memorija-koncert-2.jpg

Поце пее како во најдобрите денови, суверено владејќи и со сцената и со публиката која возвраќа со невиден фидебек на искрени емоции, страст, енергија… Невидено чувство на сплотеност на оние на сцената и публиката која во еден глас ги пее од збор до збор сите песни, танцува во ритамот, ги повторува познатите хит рефрени заедно со Поце… Само народот во еден глас и вокалот на пејачот… Величенствено чувство на исполнетост, задоволство, мерак за душата, кој како никогаш досега се чувствуваше со секој отсвирен тон и секој испен стих…

This image has an empty alt attribute; its file name is memorija-koncert-5.jpg

Некаде на половина концертот влегува во „мирни води“, во баладична фаза во која се редат познатите сентиш теми со епски стихови… „Зошто Боже“, „Возови“, и химната на сите генерации – „Оган под ѕвездите“. Ѕвезденото небо од мобилните се претопува со она од светлосните ефекти, а додека целата сала пее во еден глас: „Не барајте вино испиено е…“ навираат морници по телото, спомени во мислите и неподнослива убавина во душата што се радува од глетката…

Македонски знамиња во публика, македонско знаме на сцената… „Меморија“ како никој досега успева да го сплоти народот со песна и да покаже дека Македонија е и тоа како жива… и вечна!

This image has an empty alt attribute; its file name is memorija-koncert-3.jpg

Следува видео реквием, со еден отсвирен рефрен во живо на култнaта „Јесен у мени“ за крај на мирната фаза на концертот, како потесетување и почит на скопјанецот и голем Македонец, но уште поголем естраден уметник и пејач, скоро починатиот Аки Рахимовски.

This image has an empty alt attribute; its file name is memorija-koncert-8.jpg

Новата кулминација доаѓа со најавата на специјалните гости. Стефан и Мартин од „Некст Тајм“ засилени со Николче Мицевски и свирката на членовите на „Меморија“. „Патриотскиот набој“ го мултициплираат со уште една фантастична изведба на „Ја излези Ѓурѓо“, која во еден глас излегува од илјадниците грла.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 96 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …