(Рецепт) Можеби немаат изглед, но имаат вкус – пченкарни мафини со сирење и семки

Полни се со хранливи вредности и се прават брзо.
Состојки:
1 поголемо јајце
150 гр палента
50 гр пченично брашно
100 мл маслиново или обично масло
150 мл густ јогурт
100 мл млеко
2 лажици кисела павлака
половина кесичка прашок за пециво
250 гр фета сирење
половина лажичка морска сол
семки од тиква
Подготовка:
Во сад измешајте ги сите состојки освен сирењето. Мешајте со миксер додека смесата не се изедначи.
Во калап за 12. мафини наредете хартиени корпички и во нив сипете ја смесата, малку повеќе од половина.
Исечете ја фетата на коцки и ставете по неколку коцки во секоја корпичка, па посипете со семки од тиква.
Се пече во загреана рерна на 180 степени додека не се зацрвенат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Грешки со кои жените ги уништуваат совршените врски

Истражувањата постојано укажуваат на разлики во начинот на размислување на мажите и жените Многу врски …