Овие хороскопски знаци СЕБЕ НЕ СИ ПРОСТУВААТ НИШТО и се многу строги кон себе

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Љубовта кон себе е нешто што се учи, се работи секој ден и се негува, бидејќи сакајќи се себеси, можеме полесно да се свртиме кон светот и да ги сакаме луѓето околу нас. Сепак, некои хороскопски знаци сметаат дека ова е многу тешка, ако не и невозможна задача и воопшто не се попустливи или добронамерни кон себе.

Девица
Колку што Девиците се критични кон другите, тие се двојно покритични кон себе. Колку и да се трудат да бидат претпазливи и да избегнуваат проблеми, исто толку се вешти во пронаоѓањето на проблемите – онаму каде што не би биле доколку самите не ги создале. Девиците имаат нереално високи стандарди и кога не ги достигнуваат, чувствуваат вина, несигурност и недостиг на контрола, дури и кога логично разбираат и признаваат дека не можеле подобро и повеќе.
Ако имате Девица во вашиот живот, уверете ја дека се што не е под нејзина контрола не е израз на нејзината беспомошност, туку дека работите во животот функционираат така. Охрабрете ја со тоа што ќе ѝ го привлечете вниманието на нејзините успеси и достигнувања и ќе ја потсетите дека понекогаш мора да забави и да се одмори.


Јарец
Како и Девиците (а можеби и повеќе), Јарците сакаат да контролираат сè околу нив. Тие се многу вредни и дисциплинирани, но често се исцрпуваат себеси и се туркаат вон сопствените можности. Не им е доволно да бидат во првите редови и да постигнат успех во една област од животот, тие сакаат да бидат на ниво во сè, па ако не се – тешко дека ќе имаат добро мислење за себе. Често се песимисти, бидејќи на тој начин го спречуваат разочарувањето, иако тој став често ги наведува да гледаат негативно на себе, но и на добрите работи што им се случуваат.
Јарците ќе ги охрабрите така што ќе му кажете што ви се допаѓа кај него, што не мора да биде поврзано со неговите успеси – што исто така ќе го забележите и пофалите. Јарецот нема да бара ваша помош, но треба редовно да го информирате дека сте тука за него и дека може да смета на вас. Потсетете го дека е сам по себе, многу повеќе од неговиот успех.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Докторите шокирани од промените кај научникот, кој минал три месеци во океанот: Се подмладил 10 години!

Пензионираниот лекар на американската морнарица Џозеф Дитури (55) поминал повеќе од три месеци во капсула …