ПРВ СЛУЧАЈ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО ГРЦИЈА: Заразениот пациент патувал во странство, хоспитализиран е

ГРЦИЈА го регистрираше првиот случај на инфекција со вирусот на мајмунска сипаница, покажуале првичните резултати на националната здравствена агенција EODY.
Станува збор за пациент кој неодамна отпатувал во Португалија, пренесуваат агенциите. Пациентот е во болница и е во стабилна состојба, извести EODY.
Од почетокот на мај, здравствените власти ширум светот следеа повеќе од 200. сомнителни и потврдени случаи на обично благи вирусни инфекции во 19. земји.
Варијантата на мајмунски сипаници поврзана со актуелната епидемија има стапка на смртност од околу еден процент, а досега не е регистриран ниту еден смртен случај, наведуваат агенциите.

This image has an empty alt attribute; its file name is majmunski-sipanici-istrazuvanje.jpg

loading...

Виролог за симптомите на мајмунска сипаница
Клиничката слика на заболените по заразата со мајмунска сипаница е треска и болки во мускулите, додека во подоцнежниот стадиум на болеста се појавуваат осипо кои се развиваат до шуга, изјавила вирологот Нада Куљиќ Капулица.
Таа нагласила дека нема место за паника, бидејќи иако епидемијата на мајмунски сипаници расте, тој вирус за разлика од корона вирусот е стабилен и не мутира така лесно, па нема да има пандемија.
– Многу лесно може да се препознае кај човек дали е заразен со мајмунски сипаници, без разлика на начинот на кој се заразил. Клиничката слика на овие пациенти е треска, болки во мускулите и по неколку дена се појавува осип, прво имаш макула, па осип, па тоа загнојува па имате краста – изјавила Куљиќ Капулица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …