(ВИДЕО+ФОТО) РОСА НАПРАВИЛА КУЌА ОД КОНТЕЈНЕРИ ЗА ТРАНСПОРТ: Без сметки за струја и вода – ЧИСТО УЖИВАЊЕ!

Колкумина од вас сонуваат да го напуштат градот и да заминат во дивината за да си ја одморат душата? Оваа жена го исполнила тој сон…
Запознајте ја Роза, жена која го исполнила својот сон. Таа живее во дивина, а 23. хектари околу неа немаат жива душа. Таа направила свој дом од 5. транспортни контејнери направени за да формираат удобен дом.
Таа се одлучила за контејнери бидејќи лесно може да се „наредат“ еден врз друг и така нејзиниот животен простор да се прошири брзо и лесно – по потреба. Покрај тоа, овие контејнери се издржливи и долготрајни. На Роса и обезбедиле неверојатна удобност.

This image has an empty alt attribute; its file name is kukja-od-kontejneri-1.jpg
Најдобро од сè, на овој дом не му треба струја или вода. Роза користи соларни панели за производство на електрична енергија, собира дождовница за да не ѝ треба градска вода – така што нејзините сметки за струја и вода не постојат.


This image has an empty alt attribute; its file name is kukja-od-kontejneri-2.jpg
„Ако нешто му се случи на светот – добро сум, не зависам од никој“, вели Роза.
Роза ја обработува својата градина, има простор пред куќата каде ужива на попладневното сонце и готви на отворен пламен.

This image has an empty alt attribute; its file name is kukja-od-kontejneri-4.jpg


„Обожавам да готвам, па кујната е прилично голема – изненадувачки за толку мала куќа“, објаснува домаќинката.

Куќата се грее на шпорет на дрва, а Роза понекогаш готви на него. Што се однесува до изолацијата, Роза и овде не штедела. Таа направила целосна заштита на куќата од влага, дожд и студ.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. зборови кои ќе го променат текот на вашата врска: Обидете се да го кажувате ова почесто и вашата врска ќе цвета

Три збора што треба да ги кажувате во врската… Еден љубезен збор отвора и железна …