Следниот викенд е детскиот фестивал Поточиња – Погледнете како пеат, играат и се радуваат децата за фестивалот (Фото)

Фестивалскиот викенд на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела) 2022 година ќе помине во знакот на новото издание на Детскиот фестивал Поточиња. Поточињата се подготвени да приредат уште една голема забава и ќе ги претстават новите песни и изненадувања.

Нашата камера ги забележа подготвките на поточињата кои пеат, играат и се радуваат за фестивалот.
Ако се вели дека се живее за музиката тогаш овие малечки „поточиња“ тоа го покажуваат и во стварност…


Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот во Македонска Филхармонија.

Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС, како и онлајн на следните линкови: https://www.karti.com.mk/potocinja-2022.nspx и https://mktickets.mk/event/potocinja18/.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Парко 2047 фестивал

Иднината започнува сега! „Парко.𝟐𝟎𝟒𝟕“ е проект на млади Битолчани, чија цел е да создадат платформа …