(ВИДЕО) Рафаел Надал на патерици по освојување на титулата на Ролан Гарос

Рафаел Надал веднаш по освојувањето на Ролан Гарос беше подложен на терапија на стапалото, кое веќе неколку месеци му прави проблеми.
Шпанецот во неделата го освои парискиот Грен слем, а за време на турнирот откри дека играл благодарение на инјекциите кои му ги блокирале нервите за да не чувствува болка.

Веднаш по РГ, Надал замина дома на ризична терапија за синдромот Вајс-Милер, ретка болест на деформација на една од коските на стапалото.
Терапиите вклучуваат пулсни радиофреквентни инјекции кои делумно го согоруваат нервот и го создаваат ефектот што го имал при примањето анестетици за време на турнирот, но со потрајни ефекти, тоа би помогнало да се намали целокупното чувство во стапалото.

loading...

Клиниката за палијативна болка во Мадрид наведува дека пулсирачката радиофреквенција е „третман за болка предизвикана од иритација или дефект на нервите или чувствителност на системот кој ја пренесува болката во телото“, пишува шпанска „Марка“.


Третманот се изведува „во операциона сала со лесна седација која ја врши специјализиран анестезиолог“. Колку е лоша неговата состојба покажува Надал на видеото пред да се качи во авионот за Шпанија на кое се движел со помош на патерици.

This image has an empty alt attribute; its file name is rafa-na-rolan-garos-1.jpg

„Се надевам дека ќе играм повеќе бидејќи моментално сум во прекрасна ситуација, неочекувана за овој дел од мојата кариера. Животот е, на крајот на краиштата, поважен од титулата. Мојата кариера цел живот ми беше приоритет, но не смее да биде над мојата среќа. Ќе бидам среќен, ако продолжам (со кариерата), а ако не е така – ќе направам нешто друго“, изјавил Надал по освојувањето на РГ.
Ќе видиме дали терапиите ќе му помогнат на Надал да се опорави до стартот на Вимблдон кој започнува на 27. јуни.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕОБИЧНА СЦЕНА – Ги загуби нервите: Ѓоковиќ му го фрли рекетот на Иванишевиќ на трибините на сред меч – но и подари еден на дете со интересен транспарент

Новак имаше потешкотии, неколку пати го менуваше рекетот, а проблем беа жиците. Новак Ѓоковиќ денес …