Виртуозот со ножички доаѓа во Скопје: Четиричасовно шоу на познатиот европски бербер – Саја Мајстор!

Она што е Меси или Роналдо во фудбалот, тоа е Саја Мајстор во светот на берберите.

Токму тој Саја Мајстор на 18-ти јуни доаѓа во Скопје каде ќе одржи четиричасовно шоу во хотелот „Мериот“.
Интересот за да се присуствува на овој настан е огромен, бербери и фризери од речиси сите градови на Македонија бараат влезница повеќе со цел за првпат лично да го видат, да учат и да го запознаат познатиот бербер од Белград.


This image has an empty alt attribute; its file name is cajo-majstor-1.jpg
Пред околу 200 гости познатиот виртуоз со ножички ќе демонстрира потстрижување, правење фризури, „цртање“ тетоважи на коса и уште неколку други „магии“ со неговиот алат за работа…
Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на ова бербер-шоу потребно е да се јават на телефонскиот број +389 78269942 и да резервираат влезница.
Цената не влезниците се: 1800 денари.
За сите присутни на ова шоу ќе следи и изненадување од организаторите „Колор Медиа“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШТРУМФОВИ – АМБАСАДОРИ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕШТВОТО ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МАЛИТЕ ШТРУМФОВИ – ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ДО 9ти декември

#MалиШтрумфовиГолемиЦели Штрумфовите кои се во Ист Гејт Мол до 9 Декември, се главните протагонисти во …