Четиригодишниот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Луис, повторно се најде во центарот на вниманието додека членовите на британското кралско семејство се појавија на балконот на Бакингемската палата, каде кралицата Елизабета ги поздрави собраните четвртиот и последен ден на одбележувањето на нејзината платинеста годишнина.
Луис стоел покрај постариот брат принцот Џорџ и сестрата, принцезата Шарлот, кога во еден момент почнал да прави гримаси, бидејќи целиот протокол му се чинел доста досаден и неинтересен.
It’s Prince Louis’ world, and we’re just living in it. 😂 #PlatinumJubilee | 📷: Chris Jackson/AFP; Frank Augstein/AFP pic.twitter.com/Trfi4XJIwp
— People (@people) June 5, 2022
Тој со прст покажувал на насобраната толпа и зборувал и се муртел, ставајќи ги прстите во ушите, па Кејт Мидлтон морала неколку пати да го предупреди и да се обиде да го смири.
“become ungovernable” — prince louis pic.twitter.com/yZpuVNRVKj
— maybe: diane (@dianelyssa) June 5, 2022
Палавото мало момче многумина насмеал, но имало и такви кои коментирале дека јавноста поинаку ќе реагирала да станувало збор за синот на Меган Маркл.
„Да им се случеше ова на Меган и нејзиниот син, медиумите ќе ја распнеа“, „Принцот Луис е разгалено детиште, како и повеќето деца на таа возраст“, „Ако ова го направи синот на Меган Маркл, тие една година не би се симувале од насловните страници“, се дел од реакциите на корисниците на Твитер.
Претходно, на официјалниот Инстаграм профил на принцот Вилијам и Кејт беше објавен колаж на кој Џорџ, Шарлот и Луис подготвуваат слатки во нивната кујна.
View this post on Instagram
„Правење колачи за локалната заедница во Кардиф и за уживање во платинестата улична забава за јубилејот. Се надеваме дека ви се допаѓаат“, стои покрај видеото со фотографии на кои расположените дечиња ги мешаат состојките за слатки, а тоа е едно од најопуштените изданија во кое малечките биле прикажани досега.
Фото: Принтскрин/Twitter