Овие особини ги поседуваат фаталните жени: Можат да заведат кого сакаат

Совршените црти на лицето и извајано тело не гарантираат привлечност, туку она што доаѓа одвнатре
Складните црти на лицето и совршената фигура не значат и сексапил и привлечност. Ставот, енергијата, харизмата и другите квалитети се она што суштински освојува. Не се вели без причина дека „убавината е во окото на оној што гледа“, дури и луѓето кои не ги исполнуваат нашите критериуми за убавина може да бидат совршени за другите. Она што навистина го плени мажот се одредени квалитети кај жената.

1. Се сака и се почитува себе
Љубовта кон себе е најважното нешто што секој мора да го научи. Никој не е совршен, а жената која е самосвесна ги знае своите маани и доблести, но целосно се прифаќа себеси. Ако се однесувате кон себе со почит и сте свесни колку вредите, мажот ќе ве цени. Со начинот на кој се однесуваме кон себе, ги учиме другите како да се однесуваат со нас.


2. Страст и енергија
Страста и енергијата што зрачи од жената не е исклучиво поврзана со еротиката и сексот. Мажите ги привлекуваат оние припаднички на понежниот пол кои имаат хоби, уживаат во работата или се страствени љубители на природата, животните и уметноста. Жените чии очи светат од страст и енергија кон различни активности се фатални за спротивниот пол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – 300 ПРЕЉУБНИЦИ ГИ ОТКРИЛЕ ПОМОЛНИТЕ ТРИКОВИ СИ КОИ ЈА КАМУФЛИРААТ ИЗМАМАТА: ОВИЕ ДВЕ СТРАТЕГИИ НАЈЧЕСТО ГИ КОРИСТАТ! Една е ТЕШКО да се забележи!

Можеби не сте свесни за тоа, но аферите и изневерувањето во врските и браковите се …