Ленено семе за нега на коса и лице: Два третмани кои ќе ве подмладат!

Лененото семе се покажало како исклучителен препарат за коса, бидејќи го враќа сјајот и волуменот, а истото важи и за кожата на лицето.
Лененото семе се користи во исхраната повеќе од 6.000 години, а поради неговите здравствени придобивки е прогласено за суперхрана. Богат е со влакна и омега-3 масни киселини, поради што експертите го препорачуваат како идеална храна која го подобрува здравјето, но која игра важна улога и во негата на косата и лицето.
Лененото семе се покажало како исклучителен препарат за коса, бидејќи го враќа сјајот и волуменот, а истото важи и за кожата на лицето.
Најинтересната компонента на лененото семе е фитоестрогенот. Благодарение на фитоестрогенот добиен од храната, женската кожа останува убава и млада, дури и во зрелоста. Фитоестрогените ја прават кожата мазна, еластична, ги активираат процесите на обновување и ја подобруваат структурата на косата и ноктите.

Маска за коса

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is maska-za-kosa.jpg
Лененото семе е богат извор на омега-3 масни киселини, кои се неопходни за здрав раст на косата. Тие ги хранат фоликулите и ја прават косата посилна и помалку подложна на оштетување.

За оваа маска ви требаат:
– чаша вода
– две лажици ленено семе
– една кафена лажичка мед
– сок од половина лимон
– две лажички рицинусово масло.
Истурете чаша вода во соодветен сад и додадете две лажици ленено семе. Оставете го да врие неколку минути на тивок оган додека ленот не го ослободи природниот гел. Тргнете го од оган и процедете го гелот од семките.
Додадете мед, сок од лимон и рицинусово масло во добиениот гел. Сè добро измешајте.
Исчешлајте ја косата и лесно намокрете ја. Добиената маска нанесете ја на прамените дел по дел, внимавајќи да ја покриете целата должина на косата. Нежно поминете со рацете над секој прамен коса, масирајте ги прамените и повторно исчешлајте ја косата. Оставете ја маската да делува 30 минути, но не ја врзувајте косата, не ја свиткајте во крпа или слично.
Исплакнете ја маската со млака вода, измијте ја косата само со регенератор и исушете ја природно. За најдобри резултати, можете да го повторувате овој третман еднаш неделно. Косата ќе биде права, мазна, мека и негувана.


Маска за лице

This image has an empty alt attribute; its file name is maska-za-lice-od-leneno-seme-1024x536.jpg
Лененото семе содржи маснотии кои го враќаат младешкиот изглед на лицето. Домашните маски се одличен начин да ја нахраните кожата и да постигнете блескав тен.
За оваа маска ви требаат:
– 1 лажица ленено семе
– вода
Во сад ставете една лажица ленено семе и прелијте ја со третина од чаша врела вода. Мешајте неколку минути, а потоа покријте со чиста крпа и оставете да отстои неколку часа.
Процедете го гелот, па нанесете го на исчистеното лице и вратот. Оставете ја маската да делува 15. минути. Исплакнете ја маската со млака вода, а потоа нанесете хидратантен крем.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Единствената принцеза што смее да ја носи: Шарлин од Монако во проѕирна кошула поставила нов моден предизвик

Принцезата Шарлин од Монако присуствувала на свеченото отворање на продавница за луксузни часовници во Монте …