(ВИДЕО+ФОТО) Бизарен прекин на натпреварот на Чилиќ и Руд: Жена се врза за мрежата со мистериозна порака!

Полуфиналниот натпревар на Ролан Гарос помеѓу Марин Чилиќ и Каспер Руд беше прекинат поради бизарна ситуација на средината од третиот сет, при водство на Норвежанецот и откако секој играч освои по еден сет. При резултат 15:15 часот една гледачка ја прескокна оградата и истрча кон мрежата.
И пријде, а потоа се врза за мрежата во близина на бандерата држејќи ја, по што натпреварот беше прекинат. Чилиќ и Руд најпрвин се повлекоа во сопствениот дел од теренот, а откако обезбедувањето излезе на теренот, тенисерите заминаа во соблекувалната. Девојката носеше бела маица со мистериозна порака на англиски јазик „Ни остануваат уште 1028 дена“.


Девојката околу вратот имала метално ланче кое го врзала за мрежата со метална жица, но обезбедувањето набрзо ја отстрани од теренот. Натпреварот продолжи по пауза од 15 минути и триминутно загревање на тенисерите.

► КЛИКНЕТЕ ТУКА И ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НЕВЕРОЈАТНИТЕ СЦЕНИ ОД ПАРИЗ


This image has an empty alt attribute; its file name is French-Open-1.jpg
На нејзината маица девојката имала и адреса на веб-страница која се занимава со климатски промени, а откако влегла, на теренот се појавила и нејзината изјава: „Влегов на терен затоа што повеќе не можам да ризикувам и да не правам ништо за климатските промени”

Фото:  Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НЕ ИЗГЛЕДА ВУЛГАРНО! НАЈУБАВАТА РУСИНКА НА ПЛАНЕТАТА СИНОЌА ШОКИРАЛА СО МРЕЖЕСТ ФУСТАН: Еден детал на аутфитот ги крие НАЈИНТИМНИТЕ делови од нејзиното тело!

Во неделата вечер во Лондон познатите убавици од светот на модата се собраа на престижна …