Неверојатна причина: Поради една шега следеле ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ раскинувања и 117 разводи

Поради неговата шега, многумина се разделиле
Шегата на Даниел Слос не поминала најдобро, бидејќи шоуто на шкотскиот комичар предизвикало медиумски бунило откако илјадници парови раскинале поради неговата шега.
Сосема е вообичаено луѓето да седат за време на викендите и да гледаат телевизија заедно, но никој никогаш не би помислил дека тоа може да заврши со раскинување. Комичарот Даниел Слос успеал да уништи над 4.000 врски и да предизвика 17. разводи поради шега која трае само 20. минути.
Тој во емисијата се занимавал со темата на меѓу човечките односи, но и партнерствата. Тој објаснил дека секој има некаде сродна душа. Сепак, многумина се плашат да ја чекаат „вистинската“ бидејќи мислат дека би останале сами. Затоа секогаш се трудат да побараат поддршка така што празниот простор го пополнуваат со другата половина. Како резултат на тоа, многу врски се вештачки, бидејќи луѓето не сакаат да го чекаат вистинскиот партнер.

View this post on Instagram

A post shared by Daniel Sloss (@danielsloss)


Без оглед на тоа дали ваквата анализа е вистинита или не, брзо ги привлекла реакциите на гледачите. Решавајќи го толку чувствително прашање, Даниел Слос добил неколку пораки од гледачите кои му се заблагодариле и тврделе дека епизодата им ги отворила очите.


„На сила ќе имаме некого во нашите животи, затоа што повеќе би сакале да имаме некој отколку да бидеме сами“

– Само што завршив со гледање на вашата емисија и се сомневав дали донесов правилна одлука или не. Сепак, прашањата и ситуациите што ги постави потврдија дека е во ред да се каже дека заслужувам подобро. Претпоставувам дека можете да додадете уште една на списокот.
Откако добил илјадници пораки, комичарот изјавил дека сето тоа било шега и дека никогаш немал намера да ги раздели паровите.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …