(ВИДЕО) Тешка повреда на Зверев, мораше да го предаде мечот – Надал во финале на Ролан Гарос

Три часа тенис и на крајот најлош можен исход – Александар Зверев го повреди десниот скочен зглоб и беше принуден да го предаде мечот.


Во првиот поен од тајбрејкот од вториот сет, по три часа игра, Зверев многу незгодно ја искриви ногата и падна на теренот, очигледно со големи болки. Докторот веднаш истрча, како и Надал кој дојде од негова страна на теренот.
Му беше укажана помош, но на крајот не можеше да продолжи да игра.
На сето ова му претходеа неверојатни три часа тенис.

Зверев веќе направи брејк во првиот гем од првиот сет, но Надал се врати во овој дел од мечот во осмиот гем. По голема борба во продолжението од сетот, влезе тајбрејк во кој Зверев водеше со 6:2, но во кој Надал на крајот победи со 10:8.

Во вториот сет видовме осум брејка. Двапати Надал имаше предност на брејк, двапати Зверев и на крајот и овде се влезе во тајбрејк во кој првиот поен беше кобен за Германецот.
Поради повредата мечот беше прекинат при резултат 7:6, 6:6 и Рафаел Надал се пласира во финалето на Ролан Гарос.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) За Леклер пол во Сингапур

Шарл Леклер ја зазеде пол-позицијата пред Големата награда на Сингапур. Возачот на Ферари заврши пред …