(ФОТО) Надал ја анестезирал ногата: Застрашувачко откритие на шпански новинар!

Анхел Гарсија за радиото „COPE“ открил дека шпанскиот тенисер речиси сигурно нема да игра на Вимблдон и УС Опен и дека прашање е дали некогаш повторно ќе игра доколку не најде решение.
Рафаел Надал играше против Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос како во своите најдобри денови, немаше никакви проблеми со ногата и болки кои му се појавија пред неколку недели во Рим.
Надал уште тогаш најави дека ќе однесе личен лекар на Ролан Гарос и очигледно нашол решение.
Сепак, тоа решение е само привремено, а тоа го открил шпанскиот новинар Анхел Гарсија, за радио станицата „COPE“.

This image has an empty alt attribute; its file name is nadal-na-rolan-garos.jpg
Тој открил дека Надал бил подложен на многу ризичен третман и дека целосно си ја анестезирал ногата, што му овозможило да игра овие две недели на Ролан Гарос. Иако многу ризикувал, Надал оценил дека за Ролан Гарос вреди да се ризикува.
Како што објаснил новинарот, коската во стапалото на Надал има некроза и всушност умира, а Надал ќе престане да игра додека не го најде вистинското решение, без разлика колку време е потребно.
Тој изјави дека тоа може да биде еден месец, шест месеци или дека Надал никогаш повеќе нема да се види како игра.
На крајот заклучил дека Надал речиси сигурно нема да го видиме на Вимблдон, а тешко дека ќе се појави на УС Опен.

loading...

Шпанскиот новинар вели дека ова можеби е крај на неговата кариера


Гарсија конечно заклучил дека речиси сигурно нема да го видиме Надал на Вимблдон, а тешко дека ќе се појави на УС Опен.
Надал со години боледува од болеста на стапалото Мулер-Вајс, а неодамна опширно зборуваше за проблемите кои долго време му предвидуваа крај на кариерата. Сепак, Надал се уште игра, но вели дека чувствува болка секој ден.

This image has an empty alt attribute; its file name is nadal-na-rolan-garos-1.jpg
„Не грижете се. Кога играм понекогаш ме боли стапалото. Не би се грижеле да ме гледате секој ден. Секој ден ме боли стапалото, а особено псоле натпревар од три часа или тренинг. Малку полошо одам, имам хронична болест за која нема лек. Тоа е дел од мојот живот, а лоша страна е што не можам да ги завршам натпреварите побрзо. На краток рок, мислам дека сум физички добро. Што се однесува до моите стапала, морам да се прилагодам на противниците и долгите натпревари“, објаснил Надал на прес-конференцијата по поразот од Карлос Алкараз во мај.
Да потсетиме, Надал од 2005. година има проблем со мистериозната болест Мулер-Вајс, а се работи за дегенеративно заболување кое предизвикува деформација на една од коските сместени во средниот дел на стапалото.

This image has an empty alt attribute; its file name is nadal-na-rolan-garos-2.jpg
Надал „ја брка“ својата 14. титула на Ролан Гарос во Париз, а вкупно 22. Грен слем титула, со што дополнително може да се оддалечи од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, кои имаат по 20.
Вимблдон започнува на 27 јуни, а главен фаворит на тревата во Лондон е Новак Ѓоковиќ кој ја брани титулата.

Фото: Принтскрин/telegraf.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) За Леклер пол во Сингапур

Шарл Леклер ја зазеде пол-позицијата пред Големата награда на Сингапур. Возачот на Ферари заврши пред …