Омилената навика на повеќето луѓе може да го зголеми ризикот од сериозен здравствен проблем

НА МНОГУ луѓе омилен дел од денот им е да седат пред телевизор навечер и да го грицкаат омилениот оброк. Но, се верува дека оваа навика може да направи повеќе штета отколку корист. Имено, според анализата направена од експерти од Универзитетот во Кембриџ, заклучено е дека оваа навика го зголемува ризикот од коронарна срцева болест.

Ако луѓето го намалат гледањето телевизија на помалку од еден час дневно, се верува дека тоа исто така би помогнало да се намали ризикот. Доколку тоа не е можно, експертите предлагаат да станете и да се движите за да го прекинете темпото на продолжено седење и зјапање во екранот и потенцираат дека би било добро да се отфрлат солените и слатките грицки, кои често се дел од ритуалот со ТВ.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is jadenje-pred-televizor.jpg

Др. Јангвон Ким, доцент на Универзитетот во Хонг Конг и гостувачки истражувач во Одделот за епидемиологија на Советот за медицински истражувања во Кембриџ, за новинските агенции изјавил: „Сите овие мерки можат да помогнат подобро да се управува со ризикот од развој на коронарна срцева болест“.


Најчестите симптоми на коронарна срцева болест се болка во градите и отежнато дишење

This image has an empty alt attribute; its file name is jadenje-pred-televizor-2.png
Во една студија објавена во списанието BMC Medicine, научниците пресметале дека 11 отсто од случаите на коронарна срцева болест може да се спречат доколку луѓето гледаат телевизија помалку од еден час на ден.
„Светската здравствена организација препорачува да се намали времето на седење и да се замени таа навика со физичка активност со секаков интензитет како начин за одржување на здравјето“, велат научниците.
„Кога сте во искушение да гледате друга епизода од вашата омилена серија, обидете се да станете и да се истегнете или наместо тоа да одите на вечерна прошетка. Прекинувањето на грицките доцна навечер и стремежот кон здрава урамнотежена исхрана исто така може да го подобри здравјето на вашето срце“, заклучиле тие.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …