(ВИДЕО) Ѓоковиќ: „Разочаран сум и лут!“

РАФАЕЛ НАДАЛ во фантастичен меч го совлада првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови, а во полуфиналето на Ролан Гарос ќе игра против Германецот Александар Зверев. Публиката на теренот на Филип Шатрие отворено навиваше за Надал, а Ѓоковиќ во неколку наврати беше исвиркуван.

„Подигнат од публиката“
„Секогаш е големо разочарување кога ќе загубиш од најголемиот ривал. Можев да го добијам четвртиот сет и да го одведам мечот до петти, а потоа се ќе беше отворено. Штета, имав две сет-топки, мојот сервис … Публиката го сврте мечот, таа беше 99,9 проценти на негова страна и толку“.

loading...


„Бекхендот не ме служеше, направив многу грешки. Тој го искористи тоа и ми сервираше најмногу на бекхенд. Иако се вратив, тие удари беа кратки, па тој можеше да го диктира темпото од форхендот од средина на теренот”, изјави Ѓоковиќ по мечот , додавајќи:


„Разочаран сум и лут, но морам да го прифатам поразот. Ова не ми е прв ниту последен пораз. Имав толку големи и болни порази во кариерата, знам што да правам и како да се вратам уште посилен. Поразите како ова е можност за мене да се мотивирам“, заклучил тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ИСПУШТАЊЕ НА CO2 – Меси, обвинет за загадување на воздухот, го направил она што на просечниот човек му требаат 150. години за да го направи

Француските медиуми објавија дека приватниот авион на Лионел Меси извршил 52. лета во последните три …