Првиот танц често е извор на стрес. Сосема е нормално да се плашиме од погрешни чекори, камен на сопнување или едноставно да се плашиме од погледот кој ќе биде насочен кон нас.
Сепак, она што и се случило на австралиската невеста во овој посебен момент е далеку над стандардниот сет на стравови на младенците.
Корисничката на TikTok @madalin ја споделила приказната за нејзиниот прв танц, во кој многу работи тргнале наопаку. Но, не се виновни Медлин или нејзиниот сопруг.
„Секогаш нешто тргнува наопаку кога не е потребно“, напишала таа под нејзиното видео, кое им се допаднало на над 2. милиони корисници на TikTok од целиот свет.
@madalyn.wise Okay here you go! Here is the Leech story time 😂 sorry if it’s not very good I am super new to TikTok pls don’t be mean… #leech #weddingstorytime ♬ original sound – Madalyn Wise
Имено, Мадлин објаснува што се случило.
„Еве што најдовме под мојот фустан неколку минути по нашиот прв танц“, додала таа. За време на церемонијата, нејзината свекрва забележала дека таа обилно крвари.
„Мислевме дека имам неочекуван циклус“, вели таа. Но, додека го кревала фустанот, причината не била менструацијата, туку непоканетото друштво.
Медлин била гадно искасана од пијавици.
„За сите оние кои се збунети, Австралија има видови пијавици, кои можат да се најдат и во тревата, тропските шуми и други места со висока влажност, а не само во вода“, објаснува еден од коментарите.
„Боже, одам на TikTok секој ден и добивам се повеќе причини никогаш да не дојдам во Австралија“, коментирал еден од нив.
Тоа го потврдила и несреќната жена.
„Пред танцот имавме сликање во високата трева, а неодамна врнеше дожд. Тогаш веројатно ми се залепила на кожата“, објаснува таа.
„Искрено, ми олесна што ова не е менструација“, признава таа. Се испоставило дека проблемот со пијавиците е далеку помалку страшен од потенцијалните менструални грчеви до крајот на венчавката.
Пијавиците се анелиди кои живеат речиси низ целиот свет. Некои од видовите нашле примена не само во лекувањето на многу болести, туку и во козметиката. Се’ поради плунката на пијавицата, богата со лековити материи и хранливи материи, пишуваат британски портали.
Фото: Илустрација