ШПАНСКИОТ тенисер Рафаел Надал признал дека утрешниот дуел против Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос може да биде негов последен меч на Отвореното првенство на Франција.
Во осминафиналето на вториот Грен слем турнир во сезоната, по голема борба во пет сета, Надал го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим.
View this post on Instagram
– Се надевам дека ќе бидам доволно добар за да можам да тренирам пред натпреварот. Против Ѓоковиќ немам играно една година и тоа ќе биде голем предизвик за мене. Го освои Рим и сигурно ќе има голема самодоверба. Знам каква е мојата ситуација кога е здравјето во прашање. Ќе се борам, не можам да се жалам, сепак стигнав до четвртфиналето. Пред две и пол недели не мислев дека ќе бидам тука. Секој меч може да биде последен на Ролан Гарос – истакнал шпанскиот тенисер.
View this post on Instagram
Ѓоковиќ и Надал одиграа 58 меѓусебни дуели во кариерата, а Србинот води со 30:28 во победи. Тие двајца последен пат играа минатата година во полуфиналето на Ролан Гарос, а најдобриот светски тенисер славеше со 3:1 во сетови.
View this post on Instagram
– Натпреварот против Ѓоковиќ може да ми биде последен на Ролан Гарос и затоа би сакал да се игра во текот на денот. Поминав низ многу компликации со стапалото и не знам што ме чека во кариерата, бидејќи секој натпревар може да биде последен во мојата кариера. Се трудам да продолжам да го живеам сонот да играм тенис, па што ќе биде нека биде – завршил Надал.
View this post on Instagram
Шпанскиот тенисер од 2005. година има проблеми со болеста Мулер-Вајс, која предизвикува деформација на една од коските на стапалото.
Фото: Принтскрин/Instagram